Многу луѓе мислат дека карактерните особини ни се доделени од раѓање. Некој е роден со смисла за хумор, а некој имал среќа да прерасне во харизматична личност. Затоа, често не ни помислуваме да застанеме на патот на личниот развој.
Се разбира ништо не доаѓа лесно во животот и секогаш треба да работиме на себе. Не постои карактерна особина која не можете да си ја рзвиете самите и да станете уште поатрактивни и поуспешни.
Самодоверба
Самоуверенте луѓе секогаш имаат предност од оние кои што се полни со сомнежи, затоа што силните луѓе ги инспирираат останатите и го контролираат одвивањето на настаните. Според истражувањата самоуверените луѓе заработуваат повеќе и побрзо се движат на скалата во кариерата.
Способност да се каже „НЕ“
Неможноста да се одбие укажува на ниска самодоверба. Исто така луѓето кои ги ослободуваме од проблемите ретко се благодарни и ја сметаат нашата помош како нешто што сме обврзани да го направиме. Секоја ситуација кога едно лице дава повеќе отколку што добива за возврат, или дава нешто што има малку, предизвикува стрес.
Смисла за хумор
Луѓето сакаат весели личности кои што можат да се пошегуваат на сопствена сметка и на своите неуспеси. Смеењето ја ублажува ситуацијата, ви овозможува да ја видите позитивната страна и полесно да воспоставите односи со другите. Духовитите луѓе се вреднуваат уште повеќе и се привлечни, бидејќи е лесно да се разговара со нив.
Висок капацитет за работа
Сè што е потребно за ефективна работа е концентрацијата. Исклучете ги звучниците, звукот од телефонот, не слушајте музика, ако ви одвлекува внимание. Уживајте целосно во задачата што треба да ја направите. Како што апетитот доаѓа со јадење, инспирацијата доаѓа за време на работата.
Способност за читање на други луѓе
Многу луѓе се убедени дека способноста за читање мисли е во категоријата на супер способности и за ова е неопходно да се биде видовит, но воопшто не е така. Доволно е само да го слушате она што го велат, и да не му всадувате мисли. Не водете дијалог само слушајте.
Способноста да привлекувате луѓе
Некои луѓе се толку шармантни што изгледаат како да имаат апсолутно сѐ што им е потребно. Овие луѓе имаат харизма – квалитет што може да го развие секое лице. Кога комуницирате, обидете се да воспоставите контакт со очите: погледнете го соговорникот со релаксиран и мирен изглед, насмевка. Харизматичните луѓе знаат да слушаат соговорник и да бидат со него на истата бранова должина.
Способност за контролирање на реакциите на нашето тело
Самоконтролата е способноста да ги контролираме емоциите и однесувањето што ни помага да ги оствариме нашите цели. Потребно е за успешно извршување на повеќето од нашите секојдневни обврски на работа, во училиште, во лични односи. Со нејзина помош, можете да останете избалансирани, воздржани и да одржувате надворешен и внатрешен мир. За да ја развиете оваа способност, неопходно е да бидете способни да ги одредите и разберете вашите чувства.