Кога станува збор за луѓето кои не ви требаат во животот, нарцисоидните манипулатори се рангираат меѓу најотровните луѓе. Тоа се личности кои се грижат само за себе и кои нема да запрат пред ништо сѐ со цел да го добијат точно тоа што го сакаат. Како таков, нарцисот секогаш себично на прво место ќе ги стави своите потреби, желби и чувства кога донесува одлуки и нема да се двоуми да ги искористува луѓето за свои потреби. Тие се немилосрдни во нивната трка по лична моќ и успех и токму затоа се толку манипулативни измамници и е многу лошо да се наоѓате во нивна близина. Ако некогаш сте ја имале таа несреќа да се справувате со манипулативен нарцис, тогаш сигурне сте свесни колкави искористувачи можат да бидат. Но, треба да се запознаете со тактиките кои ги користат за да можете да се справите со негативните ефекти на нивното однесување и да се заштитите себеси. Еве седум начини на кои нарцисоидните личности манипулираат и ги искористуваат другите луѓе.
1. Изигруваат жртви
Нарцисоидите многу сакаат да играат игри, а да се прават жртви е една од нивните омилени игри. Добиваат повеќе внимание и сожалување од другите кога ги наведуваат да веруваат дека се болни, дека се во неволја и им треба помош. Кога ќе ви падне жал за нив, најверојатно ќе сакате да им помогнете, и тие токму тоа го чекаат. Исто така, оваа тактика ја користат како начин да го оправдаат своето ужасо однесување, како и да го свртат вниманието од сите негативни, измамнички нешта кои ги сториле. На тој начин прават да го симнете вашиот гард и со тоа да станете поотворени за уште поголема манипулација од нивна страна.
2. Употребуваат агресија и заплашување
Сите нарцисоиди употребуваат тактика на заплашување. Ќе употребат сѐ, од суптилна, двосмислена закана, па се до отворено физичко насилство со цел да ги натераат другите да се предадат и да им одат по волја. Најчесто заплашувањето по природа е психичко и емоциоанлно. Можеби ќе се обидат да ве спречат да се гледате со вашето семејство и пријатели или секогаш ќе ве омаловажуваат и вербално напаќаат бидејќи тоа прави да се чувствуваат доминантни и дека имаат контрола врз вас.
3. Ги омаловажуваат вашите постигнувања
Кога за првпат ќе се запознаете со нарцис, тој или таа вообичаено ја крие својата вистинска природа и остава впечаток на доста шармантна личност. Ви даваат комплименти и ве креваат многу, многу високо, за да ве спуштат уште пониско. Кога тоа ќе се случи изгледа како одеднаш ненадејно да бил свртен прекинувач и сите тие убави зборови излегуваат низ врата. Ќе почнат да ги обезвреднуваат вашите постигнувања и гордост, сѐ со цел да се трудите уште повеќе за да ја повратите нивната наклоност и да ги задоволувате.
4. Ви набиваат чувство дека сѐ е по ваша вина
Ќе ве обвинуваат за сето нивно лошо однесување со сите маки и последици кои ги носи тоа. Без оглед на тоа какви се фактите или ситуацијата, секогаш неизбежно вината е ваша.
5. Зборуваат само за себе
Ова е кристално јасен знак дека си имате работа со нарцис. Тие зборуваат само за тоа што е поврзано со нив. Немаат ништо добро да кажат за ништо и никој друг и по цел ден можат зборуваат за себе. И кога конечно ќе добиете збор и ќе ја свртите темата, тие полека ќе ве наведат фокусот пак кон нив како воопшто да не ве слушале што зборувате.
6. Користат триангулација
Триангуација е состојбата кога нарцисот, вие и трета личност сте вклучени во некаква игра. Нарцисот доведува трета личност откако ќе ве убеди дека вие сте згрешиле или сте проблемот. Во основа нивната тактика се состои во тоа третата личност да го потврди и поддржи нивниот став, или пак да ве сврти еден против друг, а тие да се тргнат од фокусот извлекувајќи се. Покрај тоа, кога таа трета личност застанува на нивна страна и ги поддржува, тоа ја храни нивната потреба да бидат сакани и доживувани како секогаш во право.
7. Никогаш не се менуваат
Еднаш нарцис, секогаш нарцис. Ќе продолжат да се однесуваат површно, да манипулираат и мамат сѐ до нивната смрт. Нема лек за нив, ниедна терапија нема да може да го смени тоа. Нивните проблеми се вкоренети и врежани длабоко во нивната личност. Кога жртвата ќе се оттргне од нив, набргу ќе тргнат во потрага по нова жртва и кругот ќе започне од почеток.