Во едно од најавторитетните научни списанија беше објавена статија создадена од SCIgen компјутерската програма за генерирање на псевдонаучни текстови. Но статијата беше проверена од страна на рецензентот и беше одобрена да биде објавена, иако нејзината содржина се покажа како апсолутно безначајна.
Од ова можеме да заклучиме дека се случуваат намерни научни измами или едноставно грешките направени од научниците, се пласираат пред светот како вистински откритија.
Животните можат да разговараат
Неодамна, научниците го докажале постоењето на чуден јазик кај пчелите, со кој тие можат да пренесат информации за локацијата на еден цвет на далечина. Одредени говорни дијалекти биле пронајдени во песните на китови и кај завивањето на волците. И делфините се викаат едни со други по име, исто како и луѓето.
Возраста на бубамарата не може да се одреди според точките
Ние како мали сме ги броеле точките на бубамарите за да знаеме колку години имаат. Сепак, возраста на инсектот во никој случај не е поврзана со бројот на точки. Тие живеат од 1-2 години, а можат да имаат од 2-24 точки.
Слободни толкувања на Дарвин
Наводите дека најсилните преживуваат и дека човекот потекнува од мајмунот им се припишуваат на Дарвин. Сепак, научникот никогаш не го кажал ова и всушност мислел поинаку. Дарвин бил убеден дека најсилниот или најинтелигентниот не преживува во природата, туку оној што подобро се прилагодува на променливите услови, што е потврдено и со еволуцијата. Што се однесува до потеклото на човекот, тој само сугерирал дека ние и големите мајмуни можеби имаме заеднички предок.
Бикот е рамнодушен кон црвената боја
Биковите не разликуваат бои. Зошто, тогаш, оваа боја се користи во борбата против бикови? Бидејќи е светла боја која го привлекува вниманието на публиката. Биковите рагираат на движење.
Кучињата не потекнуваат од волците
Волците и кучињата се братучеди. Според истражувачите од Универзитетот во Чикаго, овие животни имале заеднички предок и почнале да се развиваат паралелно. Но, луѓето не припитомувале волци кои подоцна станале кучиња.
Земјата не се зголемува
На почетокот на XIX век, беше претпоставувано дека Земјата се шири секоја година. Се базираше на претпоставката дека континентите постепено се разделуваат. Денес, научниците откриле со помош на нови методи дека флуктуациите на радиусот на Земјата годишно не надминуваат 0,1 мм (дебелината на човечко влакно). Ова нема значително влијание врз промените што се одвиваат, поради што хипотезата била прогласена за неодржлива.
Неандерталците изгледале речиси како нас
Сите мислат дека неандерталците изгледале како мајмуни, подгрбавени и со чудни черепи. Таквата слика произлезе од реконструкцијата на древно суштество од неговите остатоци. Подоцна било докажано дека тоа бил скелет на маж кој страдал од артритис. Денес, антрополозите веруваат дека неандерталците речиси не се разликувале однадвор од современиот човек, и не треба да ги нарекувате глупави, бидејќи секој од нас е 1-4% неандерталец.