7-годишното момче од Кина успеало да преживее откако го имитирало цртаниот лик и скокнало од 10ти кат во зградата каде што живеело. Несреќата се случила на 15ти април, во градот Куншан, откако момчето паднало на земјата со неговиот “чадор-падобран”. Малото момче успеало да и избега на смртта откако веднаш било пренесено во болницата, во критична состојба.

На сликите се гледа како момчето лежи со црвениот чадор до него. Докторите од болницата велат дека детето не е во животна опасност. Идејата да скокне од 10-катницата ја добило од омилениот цртан лик, но во извештајот на полицијата не е наведено за кој цртан филм се работи.

Чадорот требало да му послужи како падобран за тој да може безбедно да се спушти на земјата. За среќа, неговиот пад бил делумно ублажен од мрежа од кабли, пред да падне на земјата.

Сличен инцидент во Кина се случи и минатиот месец, кога 5-годишно девојче скокнало од 11-ти кат откако го гледало популарниот цртан филм во Кина “Бони Берс”. Таа скокнала од прозорецот носејќи ранец и чадор. Девојчето имало сериозни повреди откако паднало на платформа на 4-ти кат.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено