Седумгодишната Сејлор Гацлер не очекувала да помине низ такво ужасно искуство. Со своето семејство летала од Талахаси, Флорида до Маунт Вернон, Илиноинс, кога наеднаш авионот се слушил во шума во Кентаки како последица на проблем со моторот.

Гацлерови патувале заедно со нивните три деца. Авионот се срушил во Кутава, Кентаки. За жал, сите во авионот починале, освен Сејлор.

sa01

Сејлор останала сама среде шума, со скршен зглоб, без чевли и со неколку исеченици. Можела да чека и да се надева некој да ја најде, но со неверојатна храброст девојчето тргнало минувајќи 1.5 километар низ густа шума и смрзнувачки температури до најблиската куќа на 71-годишниот Лари Вилкинс.

sa02

Успеала да се пробие низ густиот мрак така што запалила гранче од едно од запалените крила на авионот и со помош на вештините за преживување на кои ја учел нејзиниот татко.

sa03

„Ја отворив вратата и пред мене стоеше мало девојче на седум години, со крвав нос, раскрвавени раце и нозе, со еден чорап без чевли, плачејќи“ изјавил г-н Вилкинс „Ми кажа дека мајка ѝ и татко ѝ се мртви, и дека преживеала авионска несреќа и авионот е свртен наопаку.“

sa04

Нејзините родители би биле горди на неа.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено