Ема Мертенс од Винсконсин, САД била дијагностицирана со редок вид на тумор, ДИПА, на 23 јануари. Станува збор за високо агресивен тумор на мозокот во близина на мозочното стебло, кој првенствено се појавува кај децата. Повеќето дијагнози се јавуваат на возраст од пет до седум години.
За жал помалку од 10% од децата кои боледуваат од овој тумор, преживуваат во првите 2 години од дијгнозата. Но, 7-годишната Ема не се откажува и таа имала само една голема желба- да добие писма од кучиња.
Но, седумгодишната Ема не очекувала дека ќе биде преплавена со над 50.000 писма „од кучиња“ од различни држави од светот, како на пример од Шкотска и Венецуела. Писмата продолжуваат да доаѓаат, а малата Ема е пресреќна, што ѝ се исполни желбата. Исто така голем број на луѓе дониаат пари за нејзиното лекување преку GoFundMe страната.
Во наредните 6 месеци Ема ќе биде подложена на специјална терапија. Родителите на Ема велат дека таа многу сака кучиња и иако немаат свое Ема сакала многу да го чува кучето на соседите. Пораките првин почнале да доаѓаат преку Фејсбук, каде што луѓето испраќале весели фотографии од нивните кучиња, а потоа почнало да се полни и поштенското сандаче.