Седумгодишно девојче постапило како вистинска мала хероина откако ги спасила своите помали браќа кога автомобилот во кој патувале влетал во ужасна сообраќајна несреќа. Амбер од Квинсленд, Австралија, мајката на девојчето Оливија Вали возела кога наеднаш изгубила контрола врз возилото, по што автомобилот се превртел двапати и застанал на бочната страна. Амбер останала во бесознание на возачкото седиште. Оливија успеала да се ослободи од безбедносниот појас и да ги извлече своите две помали братчиња од уништената кола, и покрај тоа што тие сѐ уште биле врзани во нивните бебешки седишта.

sl01

Трите деца се извлекле неповредени, додека нивната мајка била однесена со хеликоптер во болница во Намбур, со можни повреди на градите, раката и `рбетот. Д-р Метју Мулкин вели дека малото девојче било многу храбро и објаснува како успеала да се извлече од предното седиште на автомобилот.

sl02

„Да ја имате таа присебност да го сторите тоа откако колата се превртела двапати и останала да лежи превртена на страна, тоа само по себе е нешто неверојатно“, вели тој. „А потоа кога пристигнавме и да ни објасни што се случило и што направила таа, тоа е доста зрело и храбро од едно седумгодишно дете.“

Вејд, вујкото на Оливија вели дека е неверојатно горд на неговата мала внука и не може да поверуа дека таа била толку присебна да мисли на другите по такво шокантно искуство.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено