Да се испрати дете само на лет може да биде страшно за секој родител, но кога детето е со посебни потреби тогаш ситуацијата е уште пострашна.
Алекса Бјорсон го испратила својот 7-годишен син Ландон да го посети својот татко во Портланд, но бидејќи детето има високо-функционален аутизам мајката знаела дека летовите се кошмар за него и решила барем малку да ја олесни ситуацијата.
Алекса не знаела како ќе се однесува Ландон за време на летот и затоа му дала писмо кое треба да го даде на личноста која ќе седне до него во авионот. Она што се случило ги стопли срцата на многу луѓе.
Во писмото пишувало дека детето има високо-функционален аутизам, па затоа може да поставува многу прашања како на пример „дали стигнавме веќе“. Таа побарала од личноста која ќе седи до нејзиниот син да му одговори на прашањето, за да се чувствува детето побезбедно. Во прилог оставила 10 долари за „маката“ на патникот.
Бен Педраза седел до Ландон во авионот и иако ја ценел пораката не му била потребна затоа што се спријателил со детето. Тој вели дека за време на летот му кажувал шеги и во еден момент Ландлон го замолил да престане да кажува „татковски шеги“. Тие исто така играле и камен, хартија, ножици.
На крајот на летот Бен направил селфи со момчето и го испратил на неговата мајка со порака која беше споделена повеќе од 15.000 пати. Во пораката пишува:
„Алекса. Моето име е Бен. Јас бев сосед на Ландон на неговиот лет во Портланд. Тој прашуваше дали сме таму неколку пати, но тој беше одличен патник. Си поминавме добро и игравме неколку рунди на камен, хартија, ножици. Тој е одлично дете и Вие сте среќна мајка. Ги ценам 10$ но не беа потребни, ги донирав во autism-society.org (организација за аутизам) во чест на Ландон. Имај убав ден!“
„Многу сум благодарна на оваа личност, и дека сè уште постојат љубезни луѓе во светот кои прават разлика како и јас што се обидувам да го направам истото.“, вели Алекса.