Малиот Рудолф Инграм со неверојатна брзина ги следи стапките на Јусејн Болт, откако си го сруши сопствениот рекорд и 100 метарската трка ја заврши за 13,48 секунди, додека претходниот рекорд му бил 14,59 секунди.

7-годишниот Рудолф исто така истрчал 60 метри за 8,69 секунди.  Ако земеме во предвид дека рекордот за трка на 100 метри на Болт изнесува 9,58 секунди, тогаш можеме да кажеме дека Рудолф за многу брзо време би можел да го сруши и неговиот рекорд.

Рудолф станал познат на социјалните мрежи и неговиот татко кој исто така му е менаџер е одговорен за раководење со неговиот Инстаграм профил. Детето победило дури и возрасни атлетичари кои се осмелиле да го предизвикаат. И покрај тоа што е влијателен на социјалните мрежи Рудолф покажал дека го интеренсира и училиштето.

На социјалните мрежи објавил фотографии од неговите оценки и каде што може да се види дека има 5-ка по Науки, Информатика, Музичко и Физичко образование, а 4-ки по Ликовно, Социологија и други.

Рудолф исто така има 4-годишен брат, кој понекогаш тренира со него, но помалиот брат сѐ уште ги нема истите вештини како и Рудолф.

Сподели на Facebook
пати видено