69-годишниот маж паднал од карпа висока над 150 метри во обид да го фати кучето кое што му избегало и почнало да трча по работ на карпите. Несреќата се случила во Голден Гејт парк, Калифорнија.
Неидентификуваниот човек го шетал своето куче во близина на карпите над Торнтон Бич. Во еден момент кучето потрчало а човекот побрзал да го фати, во тој момент се лизнал и паднал од карпата.
За да биде уште потрагично телото на човекот било пронајдено така што неговото куче стоело и лаело на работ од карпата од која што паднал неговиот сопственик. Луѓето го забележале вознемиреното осамено куче и така го откриле неговиот сопственик. За жал спасувачите констатирале смрт.
Местото каде што човекот го шетал кучето било популарна локација за шетање на миленици, но голем дел од минувачите велат дека теренот е лизгав, а карпите стрмни и дека треба да се внимава.