Овој човек, роден во едно село во провинцијата Гуижу во југозападна Кина, води живот што луѓето од надвор не можат лесно да го разберат, но има големо значење.

65-годишниот Хуанг Шиго живее од традиционално производство на хартија, со древна техника која тој ја работи веќе 36 години.

Трошоците за производство се големи, процесто многу тежок, но тој заработува околу 1.400 долари месечно. Очигледно е потешко од работа во климатизирана канцеларија, но тој ужива да троши време на своите рачни машини.

Варењето и перењето на бамбусот и неговото претворање во хартиена каша е процес од 72 чекори, за кои се потребни околу 55 дена.

Дедото секој ден произведува по 3.000 листови хартија, која изгледа побела и помека од обичната, а исто така е и потрајна.

Дедото својата хартија ја продава во централните и јужните кинески пазари.

Сподели на Facebook
пати видено