Дајан де Зојса се запознала со 26-годишниот Пријањана де Зојса уште во 2011 година, кога била на одмор во Шри Ланка. Таа тогаш имала „авантура“ со младото момче кое во тоа време работело во хотелот во кој престојувала.

Потоа често одела и се враќала во Британија, додека нејзиниот млад љубовник не ѝ понудил брак и ја молел да се пресели во Шри Ланка и да живее со него и неговото семејство.

60-годишната Британка прифатила иако нејзините пријатели и семејството и велеле да не го прави тоа и дека момчето е со неа само поради пари. Таа сакала да им докаже дека грешат и ја продала куќата во Британија, како и останатиот имот кој го имала, купила куќа во Шри Ланка и се преселила таму заедно со новиот сопруг и неговото семејство. Таа исто така му купила и автобус на сопругот за да работи.

Дајан наскоро се покајала поради својата одлука, затоа што семејството на Пријањана не ѝ дозволувало да излегува надвор, дури ни на плажа, а новиот сопруг постојано ѝ барал пари. „Мислев дека ме сака, но очигледно не беше така.“, вели Дајан.

За време на нејзиниот брак таа ја потрошила целата животна заштеда која изнесувала околу 100.000 евра. Нејзиниот живот се претворил во поголем пекот откако ги потрошиле сите нејзини пари и нејзиниот сопруг бил убиен од криминална банда.

Дајан останала да живее уште една година со неговото семејство и сфатила дека повеќе не може да издржи: „Јас едноставно не можев да останам таму повеќе. Јас сега се чувствувам глупаво затоа што не го послушав семејството и пријателите кога велеа дека е со мене само поради парите.“

Сега кога се вратила во Британија Дајан вели дека не може да живее од нејзината пензија и дека ќе побара помош. Таа исто така се сомнева дека нејзиниот сопруг имал и втора жена, откако пронашла некои документи во нивниот дом.

Сподели на Facebook
пати видено