Според една научна студија објавена во 2012 година, ризикот од Алцхајмерова болест е значително намален кај оние кои редовно се ангажираат во умствено-стимулирачки активности. Ова значи дека луѓето кои активно играат игри како шах или кои решаваат загатки не се погодени од Алцхајмерова болест или деменција до многу подоцна во животот!
Решенијата се на втората страна.
1. Која е мажена?
2. Потера
Детектив го бркал криминалецот кој се стрчал во осамена куќа. Сопственикот на куќата го поканил детективот да намине.
Детективот го прашал: „Дали некој доаѓаше тука?“
Сопственикот одговорил: „Не, и никој не ја напуштил куќата“
Детективот прашал: „Дали живеете со вашето семејство?“
Сопственикот рекол: „Не, јас сум сам.“
Детективот прашал: „Ви благодарам. Сакате цигара?“
Сопственикот одговорил: „Не, благодарам! Јас не пушам.“
Детективот заклучил: „Имам три докази што докажуваат дека лажеш.“
Што забележал детективот во собата?
3. Бегство
Некогаш одамна во далечно царство, далеку, имало цар кој не дозволувал некој да ја напушти неговата империја и не дозволувал странци да влезат. Имало само еден мост што го поврзал неговото царство со надворешниот свет. Кралските наредби биле дека секој што ќе излезе надвор од кралството треба да биде убиен. И секој што доаѓа во неговото царство треба да се врати назад.
За да се одмори чуварот седи во својата колиба 5 минути и се враќа назад. Потребни се 8 минути за да се помине мостот.
Само една жена успеала да избега. КАКО?
4. Нуркање
Момче одлучило да стане нуркач. На своето прво нуркање, тој бил зашеметен и целосно изгубен под водата. Тој не го знаел патот назад кон површината. А исто така му снемувало и кислород.
Како успеал да се врати назад?
5. Мистериозна смрт
Детектив забележува мртва жена што лежи на тротоарот во близина на висока станбена зграда. Изгледа како таа да ставила крај на својот живот со скокање од еден од прозорците.
За да дознае што се случило, детективот оди на првиот кат, го отвора затворениот прозорец и фрла паричка кон подот. Потоа оди на следниот кат и ги повторува сите овие дејства. Додека тој не стигне до последниот кат продолжува да го прави тоа.
Кога се враќа на местото на злосторството, тој заклучува дека тоа било убиство.
Како го знае тоа?
6. Касета
Полицијата пронашла мртво тело на човекот со пиштол и рекордер со касета во неговите раце. Кога го притиснале копчето Play, слушнале „Немам причина да живеам повеќе“, а потоа се слушнал звукот на истрел. По слушањето на овој запис, полицијата сфатила дека човекот бил убиен.
Како знаеле?
Решенијата се на втората страна.