Некои познати фаци едноставно размислуваат малку поинаку од другите.

1. Кајли Џенер верува дека ние полека сме труени од трагите на авионите

screenshot-twitter.com 2015-06-13 12-43-53

Тие кои веруваат во оваа теорија на заговор мислат дека белите траги кои ги оставаат авионите се всушност хемикалии кои намерно се прскаат врз нас од страна на властите поради бројни зли причини. Научниците го оспориле овој мит, велејќи дека тоа се само млазови на кондензирана водена пареа која се создава од авион или ракета на големи височини. Но, Кајли може да си верува што сака.

2. Деми Ловато знае дека сирените постојат

lc01

Појавувајќи се на „Доцна навечер со Сет Мајерс“ минатата година, Ловато призна дека верува во вонземјани – а особено во сирени, кои не изгледаат така како што се прикажани во книгите и филмовите, бидејќи, знаете, тие се вонземјани.

3. Меган Фокс сака леприкони

lc02

Актерката во 2013 за Есквајер изјавила: „Сакам да верувам. Сакам да верувам во сите овие ирски митови, како за леприконите. Не во тие со грнето злато, туку за леприконите кои носат среќа. Но можеби навистина има нешто во тоа. Верувам дека овие нешта влегле во традицијата поради некоја друга причина, и не се само плод на човечката фантазија.“

4. Кеша признава дека имала сексуален однос со дух

lc03

Расправајќи за нејзината песна „Натприродно“ во 2012, 25-годишната пејачка во текот на една радио емисија изјавила дека се работи за „непосредно искуство со натприродното…но, на секси начин. Јас имав неколку искуства со натприродното. Не го знам неговото име. Тој беше дух! Јас сум многу отворена за тоа“ – изјавила пејачката.

5. Лејди Гага се плаши нејзините „креативни сокови“ да не ѝ истечат преку женските органи

lc04

Во 2010 таа изјавила, „Имам чудно чувство дека ако спијам со некој, тој ќе ми ја одземе креативноста преку мојата вагина“.

6. Џејк Гиленхол вели дека луѓето сигурно се контролирани од месечевиот циклус

lc05

Триесет и четиригодишниот актер неодамна изјавил: „Јас длабоко верувам во потсвесното. Дека буквално ги насобираме молекулите на просторот во кој се наоѓаме. Ние сме сочинети од 90 проценти вода, па така е сосема природно полната месечина да се одразува на нашата состојба. Ако и морето е, тогаш зошто и ние не би биле? Тоа на мене ми звучи научно.“

Сподели на Facebook
пати видено