Се сеќавате ли на времето кога родендените беа едно од најдобрите нешта кои нетрпеливо ги очекувавте? Кој да знае дека тие чекор по чекор нѐ донесуваат до досадниот живот на возрасните во кој мора да работите, да плаќате сметки и броите калории? Да се навратиме на времињата кога роденденските прослави беа поедноставни во споредба со родендените на возрасните.

Како дете: „Цел ден ќе јадам тортаааааа!“

rd01

Како возрасен: Денот ќе ми мине во пишување „благодарам“ на честитките на Фејсбук, како тоа воопшто да има некакво значење.

rd02

Како дете: „Ќе дојдат сите мои пријатели!“

rd03

Како возрасен: Ќе резервирам за 20, а нема да стигнат ни половината од нив.

rd04

Како дете: „Ќе славам цел ден!“

rd07

Како возрасен: Ќе работам до 6 и потоа ќе се сретнам на пијачка со некои пријатели, но треба да станам во 8 ч. наутро, па така не можам да останам до доцна.

rd05

Како дете: „Само уште 10 дена до мојот роденден!“

rd06

Како возрасен: О, утре ми е роденден?

rd10

Како дете: „Се надевам дека ќе добијам КУПИШТА ПОДАРОЦИ!“

rd11

Како возрасен: Треба да запомнам да возвратам на секој кој ми донел подарок, за да не го навредам.

rd12

Како дете: „Една година поблиску до возачка!“

rd13

Како возрасен: Една година поблиску до умирачка.

rd14

Сподели на Facebook
пати видено