Историјата на човештвото е полна со мистерии што никогаш нема да ги решиме. Многу од нив се поврзани со мистериозни настани за кои нема сведоци.
Ова се инциденти кои станале познати низ целиот свет и формирале основа за многу легенди.
6. Исчезнувањето на чуварите на светилникот
Светилникот лоциран на шкотскиот остров Еилин Мор е познат по мистериозната приказна за исчезнувањето на 3 возрасни мажи. Тоа се случи во 1900 година, кога главниот надзорник на светилникот, Џозеф Мур, се збогувал со своите соработници и замина на брегот на Бреаскет. Така, првиот помошник на надзорникот Томас Маршал, вториот асистент, Џејмс Дукат и неговиот помошник Доналд Мекартур, останале сами на островот на 5 декември.
10 дена подоцна морнари јавиле дека нема светло од светилникот. Сепак, се претпоставувало дека немало сериозна причина, па никој не отишол на островот за да провери дали сè е во ред. Џозеф се вратил во светилникот на 26 декември по силна бура и не можел да ги пронајде колегите. Вратите и прозорците биле заклучени, мантилите им биле сѐ уште на закачалките, фенерите гореле, но часовниците не работеле.
За да биде уште почудно трпезариската маса била превртена. Оттогаш ниту еден од чуварите не бил виден и кружат разни легенди за нивното исчезнување, од киднапирање од вонземјани до џиновски птици.
5. Мистериозното исчезнување во Спрингфилд
Тоа се случило во Спрингфилд на 7 јуни 1992 година. 19-годишните пријатели Сузан Стритер и Стејси Мекол само што матурирале и одлично се забавувале на забавата. Околу 2 часот наутро, девојчињата отишле во куќата на Сузан, каде што нејзината мајка Шерил ги чекала. Никој не ги видел оттогаш.
Нивната пријателка Џанел и нејзиното момче пристигнале во куќата на Сузан затоа што претходниот ден се договориле заедно да одат на базен. Но, вратата била заклучена а на тремот имало фрлено светилка. Тие не мислеле дека станува збор за нешто страшно и ја собрале светилката за некој да не се повреди од стаклото.
Кога мајката на Стејси се загрижила се јавила во полиција. Таа тврдела дека ќерка и ѝ оставила многу чудна порака, но дека таа по грешка ја избришала. Немало траги од борба во куќата. Истрагата била во ќорсокак до 2007 година кога уапсениот криминалец Роберт Крег Кокс тврдел дека знае каде се 3-те жени. Тој до ден денес ги нема дадено наводните информации.
4. Исчезнатиот екипаж на Мери Селест
Мери Селест бил познат дух-брод, кој во 1872 бил пронајден без трага од екипажот или пак одредена штета. Трговскиот брод на 5 ноември 1872 година, го напуштил пристаништето во Њујорк и се упатил кон Џенова. Покрај капетанот, неговата жена, нивната 2-годишна ќерка и екипаж од 7 морнари биле исто така на бродот.
Бродот пренесувал етанол но никогаш не пристигнал до дестинацијата. Кога бродот бил пронајден 4 недели подоцна немало траги од насилство, но имало траги дека бродот бил напуштен од страна на луѓето. Недостасувал компасот и бродот за спасување, а сите останати предмети сѐ уште стоеле недопрени на бродот.
Иако не може да се каже со сигурност постои теорија која ја објаснува оваа случка. Хемичар д-р Андреа Села спровел експеримент кој го објаснил феноменот. Имало околу 1.700 барели алкохол во товарниот брод кој можел да се запали и направил „невидлива експлозија“, во која огнот на ѕид е проследен со бран на ладен воздух, со што не остава никаков оган или саѓи. Екипажот најверојатно скокнал во морето и сите загинале.
3. Корина Лин Сагерс Малиноски и нејзината ќерка
На 21 ноември 1987 година, сопственикот на продавница во Самервил, Јужна Каролина забележал дека неговата вработена не дошла на работа. Бидејќи не ја добил ан телефон тргнал да ја бара. Додека одел кон нејзината куќа го забележал нејзиниот автомобил паркиран во близина на фармата каде што работел нејизниот сопруг. Работодавачот ја пријавил како исчезната во полиција.
Една година подоцна на 4 октомври 1988 исчезнува 11-годишната ќерка на Корина, од првиот брак, Анет Сагерс. Девојчето чекало автобус за да оди на училиште и последен ја видел нејзиниот очув. Но, кога автобусот пристигнал девојчето не било таму. Очувот пронашол белешка на која пишувало: „Тато, мама се врати, прегрни ги момците.“ Момците се браќата на Анет. Полицијата докажала дека белешката навистина е напишана од Анет.
Иако некои луѓе се сомневаат дека мајката и ќерката биле киднапирани од вонземјани или дека духот на мајката ја земал ќерката, повеќе од нив сметаат дека очувот е вмешан во исчезнувањето или пак дека Корина избегала со љубовникот и подоцна се вратила по својата ќерка.
2. Исчезнувањето на 5 деца од нивната спална соба
На 24 декември 1945 година, сопствениците на мал хотел во Вирџинија, Џорџ и Џени Содер, биле дома заедно со своите 9 деца. Веќе било 9 часот, кога нивната најстара ќерка, Марион, им ги подарила на своите браќа и сестри подароци. Играчките ги направиле екстремно возбудени и сакале да останат да играат, наместо да спијат. Откако ги оставиле најмладите деца под надзор на постарите деца, Џорџ и Џени отишле да спијат. Тие морале да ја земат со себе двегодишната Силвија, бидејќи таа веќе се чувствувала поспана.
Џени се разбудила околу 1 часот наутро и забележала дека целата куќа е во чад, таа му кажала на сопругот да ја земе Силвија и да излезе надвор, а таа тргнала по останатите деца, но од горниот кат се симлане само двете најстари. Телата никогаш не биле пронајдени. Родителите не сакале да веруваат дека нивните деца умреле во пожарот. Тие тврделе дека ги киднапирала сицилијанската мафија.
1. Бенингтонскиот триаголник
Во периодот од 1920 до 1950 година, во дивината на Бенингтонскиот триаголник, област во југозападен Вермонт, исчезнале од пет до десет луѓе. За тој триаголник се раскажуваат легенди уште од 1800-те.
18-годишната Паула Велден, исто така, исчезнала во шумата. Девојчето отишло на прошетка на туристичката патека и никогаш не се врати. Пола била ќерка на познат архитект, а нејзиното исчезнување предизвикало формирање на нов полициски оддел во Вермонт кој претходно не постоел. Детективите спровеле истрага од Њујорк, Конектикат и Масачусетс заедно со агентите на ФБИ до 1947 година.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.