Секоја затворска казна има свој крај. Дали ќе заврши со слобода или со смрт зависи од осудениот, неговото однесување и околностите. Најчесто посакуваме суровите убијци и криминалци никогаш да не ја видат дневната светлина, но во реалноста и тие имаат понекогаш можност да излезат на слобода. Овие 6 опасни криминалци можат или можеле да излезат на слобода, во текот на оваа година.

Марк Дејвид Чепман

Марк Чепман го уби Џон Ленон на 8 декември 1980 година. Тој сакал автограм од ѕвездата, но Ленон го одбил. Затоа Чепмен го чекал, а потоа пукал во него со пиштол. Тој добива 20 години до доживотен затвор, а неговото следно судење за ослободување е во август 2018 година.

Лесли Ван Хутен

Лесли е поранешен член на „семејството“ на Менсон. Во моментов има 68 години и е затворена од 1971 година за нејзината вмешаност во убиствата извршени од Менсон и неговото „семејство“. Таа тврди дека била манипулирана од Менсон и била дрогирана и дека не знаела што прави.

Нејзиното сослушување требаше да се одржи во 2017 година, но гувернерот на Калифорнија, Џери Браун, го одби тоа во јануари 2018 година – ова е втор пат што го попречува нејзиното ослободување. Сепак, адвокатот на Лесли ќе се жали за одбивањето на суд, што може да резултира со ослободување на Лесли.

Џенин Џоунс

Џенин била медицинска сестра на педијатрија во текот на 1980-тите. Таа многу сакала луѓето да и даваат пофалби и комплименти и затоа им инјектирала на бебињата лекови како што е хапанин. Овие лекови предизвикувале одредени проблеми кај децата, како што е срцева парализа. Џенин бидејќи знаела што се случила го „спасувала“ детето и станувала херој на денот. Родителите биле многу благодарни и таа добивала безброј пофалби. Но голем дел од децата и умирале. Џенин успеала да умрти 60 бебиња.

Сослушувањето за ослободување на Џонс е во 2018 година, а за да се спречи тоа, во 2017 година обвинителите ја обвинуваат за смртта на уште две деца – Розмари Вега и Џош Соер, со што направиле да биде речиси невозможно да излезе на слобода.

Пол Бернардо

Пол Бернардо и неговата сопруга, Карла Хомолка, силувале и убиле неколку млади жени во 1990-тите. Најстрашно е што тие ја убиле сестрата на Карла, Тами, која имала 15 години за време на убиството. Карла Хомолка била ослободена пред неколку години, а сослушувањето на Пол Бернардо беше во февруари 2018 година, но беше одбиено уште еднаш.

Џон Ворбојс

Името на Џон Ворбојс почна да се споменува во последно време поради можноста за негово ослободување во 2018 година. Џон беше силувач кој привлекувал разни жени, ветувајќи им на евтин превоз со своето такси и за време на превозот ги лажел дека неодамна освоил премија на лото, им нудел шампанско во кое имало седатив, а за да ги увери им покажувал торба со пари. Тој силувал околу 102 жени.

Ванеса Џорџ

Ванеса имала едноставен начин на живот. Таа била опишана како „ангел“ од нејзините колеги во градинката, како и од родителите кои ѝ ги довериле своите деца на неа. Но сето тоа се менува кога Ванеса се запознала со еден човек по име Колин Бланшар.

Откако се запознале, Ванеса станала опседната со децата, а во 2009 година сексуално напаѓа неколку деца од градинката во која работи. Уште пострашно е што таа често изразувала желба да оди во ноќни смени за да може да ги искористува децата и ги запишала сите нејзини гнасни дела на нејзиниот телефон. За жал, сослушувањето на Ванеса е во 2018 година.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено