Измисливме извонредни техники за да создадеме уметност, обидувајќи се да бидеме најкреативни. Според истражувањата, луѓето со високо ниво на креативност имаат поголема веројатност да страдаат од биполарно растројство, депресија или анксиозност, бидејќи се чувствуваат сами со своите идеи. Некои уметници ги сметаат за „луди“ затоа што се спремни да си го загрозат здравјето и да се трујат со боја само за да создадат ново ремек-дело.
1. Натали Ајриш слика со бакнежи
Американсаката уметница ја креирала оваа уникатна техника во 2011 година и станала пионер во цртање со усни. Натали користи кармин за да создаде различни слики така што го бакнува платното. Таа не се плаши да експериментира. За Ајриш уметноста на бакнувањето може да направи ремек-дело.
2. Ани К слика со својот јазик
Ани К е уметник од Индија. Тој тврди дека ја пронашол инспирацијата во уметник кој ги изгубил рацете и почнал да слика со нозете. На почетокот Ани почнал да црта со носот, ама сфатил дека некои уметници веќе ја користат таа техника па почнал да го прави тоа со јазикот.
Има само еден проблем: Внесувањето на боја во организмот може да му наштети на неговото здравје. После секоја сесија на сликање на Ани му се лоши. Тој понекогаш и губи свест.
3. Мартин Содомс слика со својата уста
Мартин е необичен уметник од Кејптаун. Тој бил медицински брат, но неговиот живот се променил откако во декември 1996 година го скршил вратот во сообраќајна несреќа. Но, тој не се откажал од животот по несреќата. Погледнете ги неговите дела.
4. Хуанг Гуофу слика со неговите нозе и уста
Хуанг е 41-годишен кинески уметник од Чонгкинг, кој морал да научи како да слика со устата и десната нога по губењето на двете раце во несреќа кога тој бил дете. На возраст од 18 години, тој морал да го прекине образованието поради болеста на татко му. Тргнал на патување низ Кина за да заработи пари со вршење на неговиот процес на сликање со десната нога. За време на ова патување, уметникот почнал да слика со устата бидејќи неколку минувачи му кажале дека сликањето со ногата е некултурно.
5. Сликањето со око на Леонардо Гранато
Леонардо Гранато е уметник од Аргентина и ги создава своите слики со прскање на боја на платно од сопствени очи. Леонардо може да го стори тоа поради неговата необична физиологија. Тој може да црта со акварели така што ги става боите во носот и ги испрскува преку окото.
6. Марси Хок слика со градите
Марси е уметница од Јужна Калифорнија и таа создава апстрактни слики со своите гради. Хок има 5 омилени методи, кои таа ги нарекува: „згмечи и врти“, „отпечаток од брадавица“, „отпечаток од дојка“, „само врвот“ и „тверкање со градите“.