Многу често објекти, шуми, острови и слично изгледаат морничави само поради околината во која се наоѓаат, но некои од нив кријат и ужасни приказни кои водат до необјасниви појави и ги оддалечуваат туристите. но, доколку сте љубители на паранормалното, мистериозното и хорор жанрот, овие места би биле идеални за вас.
6. Луна парк Такаканонума Гренланд
Овој луна парк бил изграден во 1968 во Фукушима, а бил затворен во 1970 година, затоа што се сметал за небезбеден и се верува дека неколку луѓе ги загубиле животите. ПАркот бил отворен повторно во 1986 година, но го затвориле во 1999 година. Сега шумата си ја враќа нејзината територија и паркот секогаш е опкружен во густа магла, но најчудното нешто е што нема официјални податоци за постоењето на паркот и го нема на мапата.
5. Квинта да Јункоса
Квинта да Јункоса во Пенафиел, Португалија е стара фарма за која се верува дека ја опседнува духот на Баронот од Лагес. Баронот, кој бил сопственик на фармата мислел дека неговата сопруга го изневерува, затоа ја врзал за коњ кој за влечел по земјата додека не починала. Кога подоцна дознал дека таа не го изневерувала, ги убил сопствените деца и потоа се самоубил. Многу луѓе тврдат дека го забележале духот на Баронот во и околу фармата, како и духот на неговата сопруга.
4. Хелингли болница
Оваа болница изградена во 1903 година е позната по екстремно суровиот третман на своите пациенти. Тие биле подложени на болни третмани и претрпеле неколку епидемии на непријатни болести поради недостаток на основни правила за хигиена и безбедност. Болницата била затворена во 1994 година и оттогаш многу експерти за паранормалното, а и обични ентузијасти тврдат дека во болницата лутаат духовите на пациентите и доколку некој ја посети може да слушне вресоци, чекори па дури и силна болка.
3. Музејот на Реина Софија и Универзитетот Кордова
Музејот на Реина Софија во Мадрид (на сликата погоре) бил отворен како болница во 17 век. Во тоа време, пациентите биле згрижени од страна на верниците и верските водачи. Туристите велат дека слушаат гласови и гледаат духови на калуѓерки кои лутаат по ходниците. Исто така често лифтовите се вклучуваат без причина.
На Универзитетот Кордова во Андалузија, постариот дел од една од зградите, наводно е прогонуван од жените кои ги загубиле своите животи при раѓањето на своите деца, наставниците кои починале во зградата и духот на лут војник кој се заканува со убиство на оние што го вознемируваат.
2. Тврдината Акершус
Акершус е средновековна тврдина која била изградена околу 1300 година. Се состои од зандани, банкетни сали и одаи, па дури има и капела. Тврдината исто така била користена како затвор во одреден момент. Тврдината е позната како најопседнатото место во Норвешка, со седум членови на кралското семејство, закопани во неа. Исто така позната е и приказната за кучето-демон кое ја чува тврдината. Легендата вели дека кучето било закопано живо за да стане лут демон кога ќе почине. Голем број на посетители на тврдината велат дека го виделе дугот на „Мантелгеистен“, жената која нема лице.
1. Замокот Драгшолм
Морничавиот замок во Зеланд, Данска се смета дека е прогонуван од околу 100 духови. Еден од нив бил член на кралското семејство, Џејмс Хепберн, четвртиот наследник од Ботвел, кој бил затворен во овој замок пет години, додека не починал во 1576 или 1578 година. Бидејќи бил сместен во самица, неговото лудило го довело до смрт. Духот на Џејмс може да се види во дворот на замокот, како јава на коњ.
Два други познати духа се духовите на Сивата и Белата дама. Приказната за Белата дама е многу пострашна. Се верува дека таа била ќерка на еден од сопствениците на замокот и кога се заљубила во некој селанец, нејзиниот татко не сакал да ја одобри таа љубов и затоа ја убил и ја ставил во еден од ѕидовите на замокот. Наводно во 1930 година кога работниците рушеле еден од ѕидовите на замокот за да поправат проблем со цевките пронашле скелет облечен во бел фустан. Сега духот на девојката го забележуваат како поминува низ ѕидовите на замокот.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.