Решавањето на загатките помага во подобрувањето на нашите когнитивни процеси, ги зајакнува врските помеѓу мозочните клетки и ја подобрува меморијата. И тие се исто така многу забавни! Значи, со решавање на загатките, вие во основа убивате 2 муви со еден потег.

Искористете ја вашата логика и способноста за набљудување за да ги решите овие 6 загатки, почнувајќи од најлесната. Решенијата се на втората страна.

1. Која од овие жени е неговата сопруга?

2. Можете ли да го решите ова?

3. Поврзете ги точките

Имате мрежа од 9 точки. Мрежата е 3 реда по 3 колони, како на сликата. Користејќи 4 прави линии и без да го подигнете „моливот“, поминете ја секоја точка еднаш.

4. Загатката со 7 свеќи

Имате голема тркалезна торта со 7 свеќи долж рабовите на тортата. Треба да ги изгасите сите 7 свеќи, кои се поставени во круг. Правилото е: откако ќе издувате една свеќа, свеќите близу до неа исто така ќе бидат изгаснати. Ако дувате на изгасната свеќа, тогаш таа повторно ќе почне да гори. Значи, ако ја дувнете свеќата, од запалена ќе се изгаси, и обратно (како и свеќите од двете страни). Како можете да ги изгасите сите свеќи со најмалку дувнувања?

5. Јаболка и портокали

Имате 3 кутии. Една кутија има портокали, во една има јаболка и во една има јаболка и портокали. Првата кутија е означена како „јаболка“, втората како „портокали“, а третата како „јаболка и портокали“. За жал сите кутии се означени погрешно па мора да го поправите тоа. Не можете да ги отворите кутиите, но можете да подарате примерок од една од кутиите. Кој е минималниот број примероци што треба да го побарате за правилно да ги етикетирате сите кутии?

6. Песочен часовник

Пред вас има 2 песочни часовници. Еден песочен часовник мери 7 минути, а другиот мери 4 минути. Како ќе измерите 9 минути со помош на овие 2 песочни часовници?

Решенијата се на втората страна.

Решенија:

1. Имаат исти прстени

2.

3.

4. 7 пати. Дувнете ја секоја свеќа еднаш. Почнете од првата и продолжете околу кругот една по една. со овој метод повторно ќе запалите некои свеќи, но тие повторно ќе згаснат од дувањето на соседните свеќи.

5. Минималниот број е 1. Треба да побарате примерок од кутијата на која пишува „јаболка и портокали“. Ако добиете јаболко тогаш значи дека кутијата може да содржи јаболка или јаболка и портокали, но бидејќи ознаката не е точна значи дека оваа кутија содржи само јаболка. Наредната кутија е онаа на која пишува „портокали“, бидејќи ознаката е погрешна и дознавте дека претходната кутија содржи јаболка, оваа мора да содржи јаболка и портокали. Наредната кутија содржи само портокали.

6. Свртете ги и двата песочни часовници во исто време. Кога ќе истече часовникот со 4 минути повторно свртете го (веќе изминале 4 минути). Кога ќе истече часовникот со 7 минути исто така повторно свртете го (веќе поминале 7 минути). Кога часовникот со 4 минути повторно ќе истече значи дека поминале 8 минути. Во овој момент песочниот часовник со 7 минути има песок на дното за 1 минута. Свртете го песочниот часовник од 7 минути и почекајте оваа 1 минута да истече. Откако ќе истече часовникот значи дека поминале 9 минути.

Сподели на Facebook
пати видено