Џоди Кеганс се запознала со Скот Кеганс во ноќен клуб во 2005 година. Тие се венчале во 2009 година и како што тврди Џоди на почетокот нивната врска била „нормална“.

„Обичната љубомора“ на Скот пред 3 години прераснала во контролирачка, а потоа станал и многу насилен со Џоди. Тој не ѝ дозволувал да има свој мобилен, да разговара со родини и пријатели, а дури не ѝ дозволил и да оди на погребот на нејзината сестра, која починала ненадајно од рак во 2015 година.

Џоди вели дека тој секогаш кога ќе се врател од работа ги прашувал нивните 3 деца „Со кого разговараше мама денес?“ или „Дали некој ја посети мама?“ за да дознае дали остварува контакт со други луѓе. Исто така тој ја навредувал и понижувал пред децата.

Работите наскоро станале уште полоши и Скот почнал физички да ја малтретира Џоди. Тој барал причини за да ја претепа. Џоди раскажала дека ја тепал кога не би му се допаднало кафето или кога таа ќе можела да заспие, а тој не. Во една прилика ѝ откорнал парче од увото и не ѝ дозволил да отиде во болница.

Ситуацијата ескалирала кога Скот ја тепал Џоди повеќе од два часа со сукало и 95% од нејзиното тело било прекриено со модрици. Тогаш нејзината 6-годишна ќерка собрала храбост да ѝ каже на нејзината учителка што се случува дома.

Таа и рекла: „Тато ја повредува мама. Таа го сака, но тој ја повредува.“ Учителката тогаш ги повикала службите и заедно со полицијата се упатиле кон домот на Џоди. Жртвата на семејно насилство изјавила дека кога ги видела полицајците знаела дека тоа ѝ е единствена шанса да се спаси и веднаш им ги покажала повредите, а „сопругот од пеколот“ избегал од задната врата.

Жената поминала 5 дена во болница, а лекарите ѝ кажале доколку не дошла во болница неколку органи ќе почнеле да ѝ откажуваат.

Џоди нејзината ќерка ја смета за херој: „Мојата ќерка е мојот суперхерој затоа што била доволно храбра да раскаже во нејзиното училиште што се случува и тогаш службите а поддршка првпат се вклучија. Таа навистина ми го спаси животот.“

Скот подоцна бил уапсен и добил затворска казна од 18 години, поради, како што го нарекол судијата „сатанското“ насилство кон сопругата. Сега Џоди отворила своја група за поддршка на жени кои претрпеле семејно насилство.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено