Шестгодишно девојче било натерано да се омажи за педесет и петгодишен маж откако нејзиниот татко ја продал во замена за една коза. Ова се случило во Авганистан. „Младоженецот“ Саид Абдулкарим, како и таткото на девојчето се уапсени откако загрижена роднина алармирала за венчавката.
Според таткото, кој покрај козата за својата ќерка примил и ориз,чај, шеќер и масло за готвење, тој и неговото семејство се очајни за храна и со продавање на неговата ќерка ќе имаат една уста помалку за хранење.
Тој исто така упорно тврди дека новиот сопруг на неговата ќерка се заколнал дека нема да има сексуален однос со неа сѐ додека таа не наполни осумнаесет години. Но, загрижената роднина предупредила дека Абдулкарим навечер го соблекувал детето. Кога таа роднина му кажала на Абдулкарим дека девојчето може да му биде ќерка, тој извикал: „Не, таа не ми е ќерка, таа ми е жена, татко ѝ ми ја даде.“
Роднината потоа споделила со пријателка, која потоа се јавило во локално биро за женски права во провинцијата Гор. Таму ѝ кажале дека ќе покренат постапка за развод и ќе се погрижат на таткото да му биде одземено правото за старателство врз детето. Девојчето сега живее со својата мајка.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!