Некои филмови ни ги преплавуваат срцето и душата со пресилни чувства, будејќи ги нашата човечност и сочувство. А други филмови ни го допираат умот, ни ги разработуваат мозочните набори, ни ја будат и прошируваат свеста. Тоа се филмовите кои разработуваат прашања за кои или премногу сме зафатени или премногу се плашиме да ги допреме. Тоа се филмови кои сигнализираат дека треба да се рабудиме и не поттикнуваат поинаку да гледаме на животот и нашето постоење.

1. Будење на животот, од Ричард Линклејтер

fl02

Што е сон, а што стварност? Дали можеме да направиме вистинска разлика помеѓу овие две нешта? И што значи сонот? Ова се само неколку од прашањата коишто ги допира филмот на Линклејтер. Главниот лик се појавува во разни мигови, преку дијалози на неименувани ликови, а во некои важни сцени воопшто не е ни присутен. Во друга сцена гледаме двојка од еден друг филм (Итан Хок и Џули Делпи од популарната трилогија `Пред изгрејсонце/зајдисонце/полноќ) без никакво објаснение. Филмот се движи од етерното кон реалното, доведувајќи ја во прашање секоја гледна точка на постоењето, и завршувајќи со вистинска егзистенцијална криза. Овој филм ќе ви го наполни умот со философски прашања од кои најголемото е: дали мојот живот е реален?

2. Самсара, од Рон Фрике

fl03

„Самсара“ е мал документарен филм направен во 2011г. од истите луѓе кои работеле и на други два слични филма – „Барака“ и „Хронос“. Насловот на филмот е санскритски збор за „круг на постојаниот живот“. Буквално значи „продолжителен тек“, и овој збор често се употребува за да се опише кругот на раѓањето, смртта и повторното раѓање, теми кои се провлекуваат низ филмот. Сцените се прекрасни, а музиката го надополнува сето тоа на вистински начин. Малите раскажувачки блокови се поврзани помеѓу себе во интригантно прелевање, а пораката на целиот филм е дека постои глобална свест и поврзаност.

3. Вујко Бунми кој може да се сети на неговите минати животи, од Апихатпонг Вирасетакул

fl04

„Вујко Бунми“ излезе во 2010г. и е првиот тајландски филм кој ја освои Златната палма. Главниот лик, вујко Бунми, умира. За време на неговите последни денови, тој тргнува на пат да ги истражи неговите минати животи заедно со неговите сакани, во духовна и во телесна форма.

Филмот всушност е последниот дел од лабаво поврзаната филмска трилогија, наречена „Примитивно“ и главно се сосредоточува во една тајландска област. Но, иако другите два филма од трилогијата повеќе се сосредоточуваат на колективното сеќавање во областа на политички и историски начин, „Вујко Бунми“ повеќе наликува на нешто како „личен дневник“, како што истакнува режисерот.

Филмот разработува нешта како сеќавањето, трансформацијата, реинкарнацијата и природата на нештата поврзани со смртта. Многу интересен филм за оние кои нема да бидат одбиени од неговиот уметнички пристап.

 

4. Под кожа, од Џонатан Глејзер

fl05

Ова е скорешен филм, издаден минатата година, со Скарлет Јохансон во една од нејзините најдобри изведби, ако не и најдобрата, во која глуми вонземјанка чиешто име никогаш не го дознаваме. Завзема човечки облик и почнува да заведува мажи, водејќи ги во нејзиното „место за жетва“ како што некој би можел да го нарече. Ако кажеме нешто повеќе за содржината, тоа целосно ќе ви го уништи доживувањето. „Под кожа“ ќе ве остави запрепастени, со широко отворени очи обидувајќи се да разберете и да го протолкувате тоа што сте го виделе. Овој филм го обработува прашањето што значи тоа се има свест како човечко суштество.

На самиот почеток главниот лик учејќи да зборува прави звуци исто како бебе. Развива свест, го доживува развојот во човечко суштество и се исправува лице в лице со тоа што значи да се биде човек. Овој филм е наречен новата „2001: Вселенска одисеја“.

5. Влез во празнина, од Гаспар Ное

fl06

Овој филм се прослави како психоделичен, и тоа со добра причина. Ное употребува силни разнобојни неонски светла, а филмот го гледате исто како да сте во кожата на главниот лик (на пример, кадарот потемнува кога главниот лик ќе трепне). И не само тоа; кога тој ќе умре, неговото искуство надвор од телото го доживувате преку неговите очи, и како што тој патува низ времето и просторот, темпото на филмот станува сѐ побрзо и побрзо за да се случи климакс во една вознемирувачка секс сцена. А крајот е уште еден пресврт кој ќе ве остави во прашалници. Дали тоа беше посмртен живот, или се работи за отсликување на теоријата дека кога умираме, нашиот ум со неговото восприемање на времето прави одново да го проживееме целиот наш живот, во очаен обид да преживее?

Било што од Андреј Тарковски

fl07

Вреди да се изгледа буквално било кој филм од Тарковски; Соларис, Огледало, Демнач, Патник низ времето, Носталгија. Советскиот филм од секогаш бил со свој особен стил, но Тарковски е врвот на предизвиците за мислата и рефлексивниот филм. Детство, соништа, сеќавања, сѐ се тоа метафизички заштитни знаци на неговиот филм кои наликуваат на сон, и после било кој негов филм нема да се чувствувате исто.

Во неговите дела има многу симболизам, а целта на Тарковски била да создаде вид на кино кое го „обликува времето“, менувајќи го начинот на кој ги восприемаме нештата и покажувајќи ни колку сѐ е релативно. Неговите филмови не се лесни за гледање, но штом ќе навлезете во нивниот свет, прават постојано да се навраќате маѓепсани, а во исто време и вљубени во неговата уметност.

Сподели на Facebook
пати видено