Многумина го оценуваат средниот век според филмот „Игра на тронови“, затоа, гледајќи според бројот на војните, овој период го сметаме за мрачни времиња. Всушност, периодот од IX до XVI век во Европа не бил толку мрачен.
Многу истражувачи веруваат дека токму тогаш односот помеѓу мажот и жената се преселил на ново ниво и почнал да личи на она што сега го нарекуваме љубов.
Пред средниот век, мажите и жените имале однос „купувач и продавач“
Без разлика на тоа колку се убави античките митови, не станува збор за љубов во модерната смисла на зборот. Односот помеѓу мажот и жената во античките времиња бил изграден врз потребата од создавање. Бракот бил еден вид соработка.
Родова еднаквост постоела во средниот век
Ние веруваме дека во Европа во средниот била пекол за жените: ако не ги палеле на клада, тогаш ги носеле во манастир. Сепак, во оваа ера имало вистинска родова еднаквост. Точно, не насекаде, туку само кај Викинзите. Кај нив една жена можела да располага со својот имот самостојно и да имала право на наследство. И ако имала среќа да стане сопруга на кралот, тогаш половина од имотот на кралот ѝ припаѓал на неа. Исто така тие учествувале и во војни.
Во средниот век, имало различни видови на љубов
Љубезна(дворска) љубов- Во XI-XII век во Прованса, се создал нов идеал на односите меѓу половите – обожување на убава дама. Тоа е врз основа на култот на Дева Марија, неизвалкани карактеристики кои биле префрлени на сопругата на кралот, војводата или грофот. Витезот-вазал верно ѝ служел на недостапната сопруга на својот господар.
Пастирска љубов. Заплетот на односот на витезот и младата овчарка стана еден вид на одговор на дворска љубов. Таа се стекна со популарност поблиску до XV век, кога поетите, кои очигледно биле уморни од лагите на дворската љубов. Таа станала логично продолжение на приказната за Пепелашка, која сѐ уште се смета за речиси главна љубовна приказна на сите времиња.
Најубавите љубовни приказни доаѓаат од средниот век
Речиси сите принцези од Дизни дојдоа од длабочините на народната уметност, кои ги зачувале големите раскажувачи браќата Грим и Чарлс Перо. Приказната за Тристан и Изолда сѐ уште е една од најпопуларните приказни во светот на историски романи. Овој заговор потекнува од најраниот среден век, во ирските саги.
Љубовта не постоела само во литературата, туку и во реалниот живот
Една од најпробивните приказни на љубовта се случила во Париз во XII век. Еден богат локален жител по име Фулбер имал внука, Елоиз. За да може девојката да го добие најнапредното познавање од тоа време, нејзиниот вујко го ангажирал брилијантниот филозоф и теолог Пјер Абелар за да ја подучува.
И покрај фактот што наставникот имал 37 години, а ученичката 17, тие се заљубиле. Тие имале и свој син, но иако сакале да се венчаат тој ќе морал да се откаже од теологијата. Како резултат на тоа, се венчале тајно. Како резултат на тоа вујкото на Елоиз го кастрирал Пјер, а откако таа дознала за тоа станала калуѓерка во манастир. По смртта на љубовниците, тие биле погребани заедно на гробиштата Пер Лашез.
Кралевите се женеле од љубов
Брак од љубов во средниот век бил редок феномен, особено кај монарсите. Но, харизматичните владетели можеле да си го дозволат тоа. Англискиот крал Хенри VIII бил оженет 6 пати и, како што тврдат историчарите, двапати од голема љубов.
Првата жена му била вдовицата на неговиот постар брат, Кетрин од Арагон. За да се разведе од неа тој направил целосна реформацијата на црквата во Англија.
Втората сопруга на Хенри била Ана Болејн – главната љубов на монархот. Тие велат дека благодарение на оваа девојка се појавила најпознатата песна од средниот век – Greensleevs. Според легендата, монархот напишал баладен текст во нејзина чест. Животот на втората сопруга на англискиот крал завршил за жал 3 години по свадбата. Таа била осудена на бесилка, под сомневање за предавство(изневерување).
Потоа тој се оженил со Јане Сејмур и принцезата Ана. Првата починала од компликации по породувањето, а од втората мирно се развел. Тие биле заменети со последната љубов на кралот – младата Кетрин Хауард. Таа ја имала истата судбина како и Ана Болејн, затоа што и неа љубоморниот сопруг ја осудил на бесење поради предавство.
Шестата сопруга на Хенри била Екатерина Пар, која била помлада од него 10 години. Со неа, владетелот на Англија живеел до неговата смрт.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.