Леонардо Да Винчи, еден од најголемите умови кои воопшто чекореле по земјава, никогаш нема да престане да нѐ воодушевува. Сликар, пронаоѓач, инженер, скулптор, архитект, музичар, математичар, картограф, ботаничар и плоден писател, Да Винчи веројатно е најголемата мултиталентирана личност од таков калибар во пишаната историја. Неговите достигнувања се премногу за да бидат вброени во толку кратка листа, но сепак, еве еден краток приказ на неговата генијалност.
Леонардо Да Винчи бил првиот кој објаснил зошто небото е сино
Во неговиот бележник, под „Бојата на атмосферата“, Леонардо запишал: „Синото коешто се гледа во атмосефрата не е вистинска боја, туку тоа е причинето од загреаната влага којашто испарува во најситни незабележливи честички, коишто сончевите зрази ги привлекуваат и предизвикуваат да изгледаат светли во споредба со длабокиот мрак.“
Леонардо бил првиот кој во 1508 ги предложил контактните леќи
Тој нацртал скици кои сугерираат дека оптиката во човечкото око може да се менува со ставање на корнеата во директен контакт со вода.
3. Неговите проучувања на речните ерозии го убедиле дека Земјата е многу постара отколку што наведува Библијата
Повеќето луѓе верувале во „Библиската старост на Земјата“ (4.000 години) сѐ до деветнзесеттиот век, а некои веруваат и денес, но Да Винчи ги надмудрил цели 300 години порано. Неговите геолошки достигнувања биле едни од најтемелните во научен поглед. Незаситната љубопитност на Да Винчи го довеле да ги проучува изложените речни камења и неговите набљудувања го убедиле дека долините се издлабени од реките, морското ниво може да опадне и да открие планини и дека сето ова не можело да се случи за само четири илјади години, туку во текот на огромен временски период.
4. Леонардо Да Винчи бил самоук и му недостасувало формално образование по грчки и латински
Покрај некои основни вештини како пишување, читање и математика, Леонардо се стекнал со оскудно формално образование, веројатно поради фактот дека се родил како вонбрачно дете – неговиот татко бил правник а неговата мајка била селанка.
5. Леонардо Да Винчи имал обичај да купува животни во кафез на пазар само за да ги ослободува
6. Последните зборови на Леонардо Да Винчи биле: „ Го навредив Бог и човештвото. Моето дело не го достигна потребниот квалитет.“