59-годишна жена тврди дека била присилена да се исели од нејзиниот дом бидејќи нејзината сосетка ѝ завидувала на нејзиното складно тело. Марија-Луиз Ворнер, од Девон, која сега живее во Франција, тврди дека нејзиниот живот се претворил во пекол бидејќи сакала да се сонча без градник во нејзината приватна градина. Иселеничката вели дека нејзината сосетка ѝ викала преку оградата да се облече, па дури го терала својот сопруг да седи внатре в куќи за да не ја види.
Покрај тоа, ја пријавиле во полиција и ѝ се заканиле со тужба – па така таа морала да признае пораз и да ја огласи куќата за продажба. И покрај нејзината возраст, Марија-Луиз тврди дека често ја мислат за дваесет години помлада благодарение на нејзиното витко тело со димензии 36-26-36.
Марија-Луиз, која инвестирала 150 000 евра во „пензионерскиот дом на нејзините сништа“, вели дека била присилена да ја продаде куќата по само една година живеење во неа. Понатаму, таа раскажува дека кога првпат се вселила, соседот веднаш настапил пријателски расположен, додека неговата жена се држела „доста резервирано.“
„Јас и тој ќе си кажевме добро утро еден на друг и немаше ништо повеќе од тоа. Имам две кучиња, лабрадор и чивава. Тој и ним сакаше да им вели доброутро.
Но, ова лето беше неверојатно жешко, па така јас ќе си се сончав надвор. Си лежев и ќе си го симнев горниот дел. Па зошто не? Многу е пофино целосно да се исончаш. Секако не се шетав гола по градината.“
Како што раскажува Марија-Луиз, нејзиното тело предизвикало завист кај нејзината сосетка. „Мојата сосетка не можеше да го поднесе тоа. Таа и жената отспротива цело време ме озборуваа.