Баба на три внуци се забавувала со повеќе од 100 момчиња коишто ги запознала во текот на последните пет години и не планира да се скраси со маж на нејзина возраст. Ѝ се сладат младите и тоа е. 56-годишната Гејнор Еванс од Енфилд, северен Лондон, којашто зад себе има два разводи, вели дека се забавува како никогаш во животот со маж кој е двапати помлад од неа и кој ја прави да се чувствува „секси и моќно“. Гејнор се среќава со мажи на возраст помеѓу 25 и 35 години за време на лудувањата по клубовите и преку апликациите за запознанства како Тиндер.

bb01

Гејнор вели дека предноста на младите мажи е очигледна. „Па многу си е едноставно, навистина – тие се млади, во форма и забавни. Младите мажи ја имаат цврстината, нагонот, ентузијазмот и можат повеќе пати“, објаснува таа. Гејнор споделила дека благодарение на активниот сексуален живот со помлади мажи таа ослабнала 12 килограми и се пјавила на документарниот филм на англискиот Канал 5 „Пензионери кои се забавуваат 24 часа дневно“.

bb02

Ова довело до тоа да биде критикувана на интернет, но таа не се чувствува виновно за своето однесување. Таа вели: „Не сакам пристојно да остарам, и баш ми е мило што сум непристојна. Не вреди да се грижите за тоа што другите луѓе мислат за вас. Мора да го правите тоа што вас ве прави среќни, а мене ме прават среќна младите момчиња.“

bb03

Гејнор ужива да излегува со нејзините ќерки, но 37-годишната Лаура, нејзината најстара ќерка, признава дека таа не секогаш ги одобрувала лудувањата на нејзината мајка. Лаура споделува:

„Само сакав мајка ми да е нормална. Си мислев, зошто таа не може да најде човек кој е на нејзина возраст и можеби да се омажи.“

bb04 bb05

Но, Гејнор воопшто не ја интересираат мажите на нејзина возраст. „Младите мажи секогаш гледаат напред, тие ти кажуваат за нештата кои ќе ги направат, во која насока се движат. Тие зборуваат за денес и за утре, додека постарите момци зборуваат за денешнината на негативен начин и потоа продолжуваат за тоа што го правеле во минатото.“

bb06

Таа вели дека е свесна дека таквите врски немаат иднина и нејзиниот опуштен пристап ја прават попривлечна за можните додворувачи, што значи дека неа никогаш не ѝ недостасуваат излегувања и забава.

„Постарите жени се чувствуваат удобно во својата сопствена кожа, излегуваат и си танцуваат. Ние знаеме што да правиме и како да го направиме тоа. Ние не ги присилуваме да излегуваат, не ги бркаме по телефон велејќи им: Што правиш за викендот, ќе ме изведеш ли некаде? Секогаш имав неколкумина на располагање. Не велам дека една вечер спијам со еден, а следната со друг, но во текот на еден месец се гледам со повеќе различни луѓе.“

bb07

Таа вели дека надоместува за изгубеното време откако се запознала со нејзиниот сопруг како тинејџерка и се омажила со него на 18 години. Пред да се разведат им се родиле три деца, по што таа речиси веднаш влегла во врска со маж 18 години помлад од неа, кој потоа ѝ станал втор сопруг. Бракот траел речиси 20 години и им се родил син. Но, кога и тој брак завршил со развод, Гејнор решила да го преосмисли својот поглед кон животот, како и својот изглед.

„Си помислив – нема да дозволам ова да ме разочара. Едноставно ќе треба да направам пресврт во животот, и така ослабнав, одев на разубавување и почнав да излегувам со ќерките, коишто во тоа време беа во нивните доцни 20-ти и рани 30-ти, бидејќи сите мои добри пријателки се имаа скрасено со нивните сопрузи или партнери.“

bb08

Ѝ приоѓале помлади мажи, но отпрвин таа ги одбивала нејзините додворувања, за најпосле да реши да им даде шанса. „На почеток бев малку дива. Во својата младост никогаш не сум имала секс за една ноќ, не знаев што е тоа. Но, очигледно сега знам.“

Семејството сѐ уште се собира и вели дека таа знае како да го држи својот љубовен живот одвоен од семејниот. Така, кога ќе дојдат пријатели на нејзиниот 24-годишен син, таа се однесува сосема нормално. „Тогаш влегувам во режим на мајка, и воопшто не ги гледам поинаку освен како мајка на нивниот пријател.“ Исто така, внимава и како се однесува кога е во друштво со нејзините ќерки. Како што вели Лаура: „Ако сум излезена со мајка ми, таа може да се забавува и да се бакнува, но не сакам тоа да ми се случи пред очи.“

Сподели на Facebook
пати видено