Двојка од Мисури тргнала против сите стереотипи кога откако се запознале преку случајно испратена текстуална порака, три години подоцна си размениле прстени и покрај возрасната разлика од речиси триесет години.
Педесет и петгодишната Кејси Берг во 2012 година сакала да прати текст порака на нејзиниот соработник, но наместо тоа нејзината порака завршила во телефонот на 26-годишниот Хенри Гленденинг. Но, додека повеќето разговори по грешка би завршиле тука, овие деца погрешниот број го претвориле во брак.
Во јуни 2012 година, Кејси била на деловно патување во Денвер и се обидела да исконтактира со нејзин колега, но наместо тоа, го впишала вбројот на Хенри. Хенри бил на пат кон своето работно место во Мисури кога ја добил следната порака:
„Еј, Кејси е. Требаше да се поврзам со Марија кај паркот, но телефонот задоцни, па така јас сум кај Вестин. Сакав да видам дали би можела да исконтактирам со некој друг…“
За да биде љубезен, Хенри одговорил: „Извини, погрешен број. Но, ако не бев тргнал на работа, ќе дојдев да се дружиме.“.
Наместо да го заврши разговорот тука, Кејси одговорила, објаснувајќи дека многу ја нервира што е заглавана и мора да чека да почне со важниот проект.
„Толку бев фрустрирана што не можев да се поврзам со никого, и тогаш единствената личност на планетата со која се поврзав е погрешен број.“ пишала Кејси.
Но, и Хенри продолжил да ѝ пишува, раскажувајќи и за патувањето кое го планирал. Двајцата продолжиле да се допишуваат за нивните интереси, омилени книги и филмови. Ја прашал дали слушнала за книгата „Тајната“ од Ронда Брн, во која се објаснува идејата за „законот за привлекување“. Таа одговорила дека слушнала, и дека всушност е фан на книгата.
„Според моето искуство, многу луѓе не веруваат во такво нешто“, раскажува Хенри за Сент Луис Пост-Диспеч. „Тие мислат дека светот е тоа што е, и дека законот на привлекување е некое глупаво верување.“
На почетокот не спомнале ништо за возраста, иако си размениле слики, но кога Хенри ја прашал Кејси колку години има, таа едноставно одговорила дека во срцето е на 25 години. Кога за првпат се запознале во живо, таа му признала дека има педесет и три години, но на Хенри не му било грижа за тоа.
„Навистина тоа не промени ништо“, раскажува тој. „До тој момент толку се поврзавме преку подлабоки нешта.“
Една недела по нивните први пораки, се сретнале во кафуле. На Хенри таа му се чинела дека таа со толку слободен дух, а таа мислела дека тој е „навистина кул“ со неговата тетоважа на неговата рака.
Потоа отишле на концерт, кадешто Хенри застанал зад Кејси и ги ставил своите раце врз нејзините колкови. Кејси раскажува дека тоа е моментот кога нивната врска прераснала во нешто повеќе од само пријателство.Ноќта завршила во ресторан, кадешто нарачале пијалоци.
По вториот состанок, Хенри се готвел да тргне на својот патување, кој требало да трае десет дена. На Кејси ѝ кажал дека нема да контактираат за време на патувањето, бидејќи за тоа време „сакал да се најде себеси“, но не му требало да го прекрши својот збор.
Додека бил во Јута, Хенри ѝ пратил гласовна порака на Кејси во која ѝ кажал „Те сакам“ и своето патување го завршил неколку дена порано за да може да ја види.
Кејси е свесна дека повеќето луѓе би помислиле дека а некого да му кажеш „Те сакам“ толку рано е претерано, но за неа тоа било вистинското време. Таа била разведена шест години и веќе се примирувала со замислата дека никогаш повеќе нема да љуби, но Хенри успеал да ја собори од нозете со своите роматнични гестови.
Нивната врска продолжила со брз чекор, и за два месеци, Хнери се иселил од куќата на своите родители и се вселил во станот на Кејси.
„Моите родители уште од почетокот го прифатија тоа. Ние бевме среќни, здрави, и тие отсекогаш знаеја дека јас сум своја личност, дури и ако тоа е на нетрадиционален начин. Сигурен сум дека моите родители се свесни за огромната возрасна разлика помеѓу нас, но мислам дека никогаш не им ни кажав колку години точно има таа.“
Родителите на Кејси исто така изразиле поддршка, како и нејзините поќерки, од коишто едната е на иста возраст како Хенри, а другата е четири години постара од него. На почетокот се грижеле дека луѓето ќе мислат дека тој ѝ е син, но со текот на времето решиле едноставно да не мислат на тоа. Тие знаат дека нивната врска е невообичаена, но веруваат дека нештата се случуваат со причина – па така не се откажале.
После две години забавување, одење по отмени ресторани, посетување на концерти и запознавање на интересни луѓе, Хнери ја запросил. Ја одвел во ресторанот кадешто седнале на нивниот прв состанок и од вработените побарал да ја свират нејзината омилена песна, клекнал на колено и ѝ го дал прстенот. Една година потоа се венчале, при што на свадбата Кејси носела бело-розов фустан, а Хенри носел фармерки и кошула со психоделични обрасци.
„Се чувствував прекрасно тој ден“, раскажува Кејси, “Ја планиравме свадбата само два дена, и многу ми се допадна како излезе, во тој среќен момент да бидеме опкружени со луѓето кои не сакаат.“