Брачен пар Амиши од Пенсилванија, САД, биле уапсени заедно со човекот на кој му ја подариле нивната 14-годишна ќерка поради тоа што им помогнал да си ја спасат фармата. 43-годишниот Даниел Столцфас и неговата 42-годишна Савила му ја дале нивната ќерка на 51-годишниот Ли Кејплен од Фистервил. Сите тројца биле уапсени во четврток кога социјалните работници откриле дека во домот на Кејплен имало уште 11 други девојчиња на возраст од 6 месеци до 18 години, од кои што две деца биле негови ќерки со девојчето кое му го дале Амишите.
Столцфасови ѝ кажале на полицијата дека тие ќе ја загубеле фармата ако пред четири години не се појавил Кејплен и ги спасил од финансиските маки. За возврат, тие му ја дале нивната ќерка, која тогаш имала само четиринаесет години. Даниел Столцфас вели дека мислел дека „трансакцијата“ е законска, откако за тоа поистражил на интернет. Кејплен го забременил девојчето речиси веднаш штом влегло во неговиот дом, а потоа и уште еден пат кога имала седумнаесет години.
Што се однесува до другите деца, Кејплен тврди дека и тие се негови, но не можат да се најдат матични изводи за да се потврди ова. Џен Бетс, сосетка која ги повикала службите, вели дека забележала знаци дека нешто не е во ред во таа куќа.
„Таа беше премлада да му биде сопруга, а престара да го држи за рака“, вели Бетс, опишувајќи како го забележувала Кејплен како се шета по улицата со девојчињата, понекогаш држејќи едно од нив за рака.
Само сакам да им се помогне и да бидат среќни. Тие се толку тажни и исплашени секогаш кога ќе ги видам. Затоа се јавив.“
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!