Педесет животни во една од главните зоолошки градини во Венецуела умреле од глад, како последица на хроничен недостаток на храна. Во зоолошката градина Карикуао во Каракас умреле виетнамски свињи, тапири, зајци и птици, при што животните не биле хранети со недели. Се известува дека во другите зоолошки градини во земјата ситуацијата е уште полоша, при што се присилени да бараат донации во овошје, зеленчук и месо од локалните компании и маркети.

zv01

Јужноамериканската земја се наоѓа во тешка економска криза, што довело до недостаток на храна и грабежи во некои делови од земјата. Марлен Сифонтес, водач на синдикатот на вработени во националните паркови вели: „Приказната за животните во Карикуао е метафора за страдањето на Венецуела.“

zv02

Таа вели дека лавовите и тигрите во зоолошката во Каракас биле хранети со манго и тикви за да надоместат за нивните оброци месо, а слоновите јаделе тропско овошје место сено, што е нивната вообичаена храна. Управата на зоолошката одбива да коментира за медиумите. Владините претставници одрекуваат дека животните умреле поради недостаток на храна, но државните обвинители отвориле истрага за случајот.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено