Четворица пријатели си имале своја традиција секоја година на истиот ден да си одат на риболов на истото место.
Меѓутоа, една година, сопругата на еден од нив не му дозволила да оди со другите. Останатите тројца биле многу разочарани, но не можеле да направат ништо и отишле без него на вообичаеното место крај езерото. Кога стигнале таму, виделе како четвртиот пријател веќе го поставил својот шатор, ги фрлил јадиците, запалил оган и пече ќебапи.
– Нели твојата сопруга не те пушти да дојдеш! Како излезе?
– Па, минатата ноќ, додека седев пред компјутерот наместо да се спремам, жена ми се прикраде зад мене, ми ги покри очите со дланките и рече: „Погоди кој е.“ Јас уште и бев лут затоа што не ми дозволи и не ми беше до игри, па ѝ ги фатив рацете и ѝ велам: „Ајде доста, не си интересна“.
Ѝ ги зграпчив рацете и се свртев, а таа во црна проѕирна ноќница – ме гледа и се насмевнува со палава насмевка. Ме одведе во спалната соба – насекаде свеќи, а на ноќната масичка книгата „50 нијанси…“ така нешто. Жената легна на спалната соба, извади некои лисици, се врза за креветот и ми рече: „А сега прави што сакаш“. И еве ме.