1. Глупости, воопшто не си поправена.
2. Ќе се напијам само една мала чашка оти утре сум на работа.
3. Политичарите влегуваат во парламентот само за да крадат. Јас, ако влезам, нема да крадам, ќе работам за Македонија.
4. Готвиш поубаво од мајка ми.
5. Од кого е таа СМС-порака во два и пол во ноќта? Од мобилниот оператор е, промоција некаква.
6. Не слушам турбо-фолк.
7. И без шминка си убава.
8. Другари, таа сум ја е***.
9. Секогаш сум можел да емигрирам. Но останав тука, бидејќи каменот си тежи на местото.
10. Тој фустан многу добро ти стои.
11. Скопје – Битола го поминав за еден ипол час.
12. Од Нова година ќе ги оставам цигарите.
13. Ајфоните не ми се по ќеф. Мојот телефон е трипати поевтин, а е со исти можности.
14. Не сакам да гледам порно.
15. Жено, татко ти е голем фраер.
16. Мислев да си купувам стан во „Скопје“, но се откажав. Во „Кочани“ ми е многу поубаво, на две минути сум од железничката и од автобуската станица.
17. Кревам 120 лежејќи.
18. Како може да сум заборавил дека денес ти е роденден? Само што сакав да ти го честитам, ама ти се истрча.
19. Не паѓам на силиконски гради. Ако се мали, најважно е да се природни.
20. Во животот има и поважни работи од парите.
21. На евро-турнирите секогаш ги поддржувам македонските тимови, без оглед против кого играат.
22. Сакам да читам книги, но немам време.
23. Купување и продавање на гласови е кривично дело.
24. И „Ферари“ сум возел, и „Порше“ сум возел. Но тоа не се автомобили за наште патишта. Со југото се ми е идеално.
25. Обожавам детски родендени.
26. Според мене Македонките се најубавите жени.
27. Од Скопје сум.
28. „Плејбој“ купувам само поради статиите.
29. За мене најважно кај една жена е нејзината внатрешна убавина.
30. Последен пат сум мастурбирал пред 20 години.
31. Денеска не ми се пие.
32. Високото образование нема никакво значење. Најважно е да имаш памет.
33. Ако не беше турското ропство, сега ќе бевме подобри од Германија.
34. Никогаш не сум завидувал никму.
35. Секс за една ноќ? Никогаш не сум имал. Не можам да имам секс без чувства.
36. Судиите секогаш судат против македонските тимови, бидејќи сме мала држава.
37. Македонските мажи се одлични е****. Особено јас.
38. Многу пати сум му велел на Пандев „Еј, техничар си, но ти недостасува брзина“. Тој ми вика: „во право си, батка, така е“.
40. Турските серии по ништо не разликуваат од американските.
41. Навреден сум од недостатокот на морал во студентскиот дом.
42. Вечерва ќе задоцнам на конференција сум. Не ме чекај, легни си.
43. Мајка ти ќе ни доаѓа на гости? Супер!
44. Колата ми се расипа па затоа задоцнив.
45. Сакам вака кога ќе се поправиш. Да има што да фатам.
46. Пријателките ти се многу пристојни девојки.
47. Не сакам никви подароци за мојот роденден.
48. Ми се скрши плејстејшнот? Голема работа, најважно е да сме живи и здрави.
49. Не зјапав. Едноставно се прашував како може да оди со толку кратко здолниште и со такво бесрамно деколте. Идиотка!
50. Казанчето ли се расипа? Утре ќе го поправам…
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.