Оди еден човек кај негов должник да си ги бара парите:
– Ќе можеш ли да ми вратиш 50-те евра кои ги зеде од мене лани?
Должникот вади еден тефтер:
– Гледај тука, пријателе. На овој му должам 1.000 евра, на вториот 800, на третиот 600… Ти на листата си дури осми. Или почекај, или дај ми уште малку, за да те придвижам нагоре на листата.