Добредојдовте во Македонија!

Секоја нација има свои посебни карактеристики – дури и во домаќинството. Во секој француски дом мириса на тост, додека пак германците секогаш гледаат некои натпревари на телевизорите, но сепак е тешко да се опише што точно се случува во домовите во Македонија, бидејќи не може да се знае доколку не се доживее тоа.

Кеси за ѓубре пред вратата

Во останатите земји кога ќе се собере повеќе отпад нели логично е да се фрли… најчесто навечер кога се расчистува кујната. Но, ова не важи и за нашата држава. Ние не сакаме да гу фрламе ѓубрето навечер, затоа што тоа може да ни донесе несреќа . Исто така преферираме ќесите за ѓубре да бидат веднаш до нашата врата, затоа што нели, логично е да ни бидат при рака за да ги исфрлиме кога ќе станеме наутро за на работа. Или не е така?

Подрумот е полн со зимница

Во останатите делови од светот луѓето ги користат подрумите за чување на стари непотребни работи, од кои не можат или не сакаат да се ослободат поради сентиментална вредност. И ние македонците сме многу сентиментални кога станува збор за нашите подруми.

Таму го криеме нашето зимско богатство… зимницата. Есента е период на акција кога активно се подготвува зимницата од која во центарот е секако ајварот. Благодарение на зимницата во зимата немаме никакви проблеми да преживееме, секако доколку можеме да ги отвориме теглите, за кои што најчесто е потребна интервенција со нож.

Кеса со кеси

Во Македонија кесите не се фрлаат! Не дека сакаме да ги рециклираме или дека се грижиме за животната средина, туку дека „ќе ни затребаат“. Задолжителен детаљ на секоја домаќинска куќа е кеса полна со кеси која има почесно место во кујната. Кога подобро ќе размислиме за што се ги користиме кесите складирањето и не изгледа како толку лоша опција.

Конци во метална кутија за слатки

Овие метални кутии се виновни за многу разочарани лица кај децата а и повозрасните. Најчесто стојат во кујната и нели кога некој ќе забележи кутија со слатки очекува сладок десерт во неа. Но, не и во Македонија. Тука приборот на шиење секогаш се чува во овие кутии, без објаснување и без некоја посебна причина. Едноставно нашите баби и мајки заклучиле дека не вреди да се фрлаат овие кутии (пари сме давале за тоа) и дека совршено можат таму да ги вклопат конците, иглите и резервните копчиња.

Шише кока кола полно со ракија

Не си вистински Македонец ако во фрижидерот немаш брендирано шише од виски, полно со домашна ракија.
Ако на шишето од „Фанта“ има капаче од „Кока-Кола“, значи во шишето има ракија!
Празно шише ракија е како празен градник… Најдобро го нема внатре.
И психијатар може да помогне, но со ракија е поевтино.
Разликата меѓу човекот и животното е 500 грама ракија.
Секс телефон за алкохоличари: Бавно ја вадам ракијата од фрижидерот…
Ако сакаш некој човек, дај му слобода. Ако и тој те сака, на враќање ќе ти донесе ракија.
Мажот е најсконцентриран кога претура ракија од бочва во мало шишенце…
А сега да поработиме на твојата убавина – додека ти се шминкаш, јас ќе се напијам една ракија!
Македонскиот патриот секогаш е подготвен да ја заштити својата татковина, вооружен со ракија, салата и далечинскиот управувач од телевизорот.

Народна мудрост: Ако не може да биде излекувано со ракија, сигурно е неизлечливо.
Злоупотреба на алкохол е кога со ракија се дезинфицираат рани и се бришат прозорци.
Маж во аптека: Имате ли апчиња за глава кои се пијат со ракија?
Денес научив што е тоа домашно шампањско – мажот пие ракија, а жената врие!
Истурив ракија врз тастатурата и сега, што и да стиснам пишува четири големи букви: УШТЕ!
Јас лично си инвестирам пари во ракија. Каде на друго место можеш да добиеш 40%?
Да се ​​пие по една ракија вечер не е само корисно, но и малку…
Понекогаш толку ме мрзи да си правам кафе, така што директно си ставам ракија…

Продавачката: Што сакате?
Тој: ракија и пиво, ама сега дојдов по леб!
Која е разликата помеѓу Македонците и Германците?
– Кога ќе испијат две пива Германците минуваат на „ти“, а Македонците – на ракија…

Како и да е секој скромен Македонец ќе се пронајде во овие 5 карактеристики. Можеби има уште вакви знаци, како на пример далинскиот во кесичка или миљето на баба на плазма телевизорот, но ние сме толку „мистична“ нација што еден текст би бил малку за да опише нашите животи.

Сподели на Facebook
пати видено