Планетата земја, дом на милиони и милиони различни видови на животни и растенија, ги губи тие видеови со алармантна стапка. Неодамна дознавме дека Земјата минува низ шестото по ред масовно изумирање. Иако ова е сосема природен циклус низ кој минува Земјата, се случува 114 години порано отколку што би се случил во нормални услови. Ова многу луѓе ги наведува на мислата дека нашите дејства директно влијаат врз тој циклус.

„Нашите активности предизвикуваат огромна загуба на видови без преседан во историјата на човештвото и со неколку преседани во историјата на животот на Земјата.“ изјавува истражувачот Херардо Севајос. Алармантната статистика на Нејшенел Џиографик покажува дека речиси 41 отсто од сите водоземци се соочуваат со заканата за исчезнување, а оваа закана исто така е значителна и за цицачите и птиците. Еве некои животински видови кои се во најголема опасност, доколку итно не се преземе нешто.

1. Ecnomiohyla rabborum

zv01

Иако оваа овој вид жаба бил откриен дури во 2008 година, се најде на листата на критично загрозените видови на Интернационалната унија за зачувување на природата во 2009 година. Пред неколку години, Зоолошката градина Атланта мораше да усмрти една од преостанатите две жаби поради големото влошување на нејзиното здравје. Тоа го сториле со цел не само да ѝ ги скратат маките на жабата на умирање, туку и да го зачуваат нејзиниот генетски материјал за понатамошно проучување.

2. Ptychochromis insolitus

zv02

Во 2013 се веруваше дека се останати само три мажјаци од овој вид на риба, но за среќа, Лондонското зоолошко здружение нашло уште осумнаесет. Сега таму прават сѐ што е во нивна моќ да го заштитат овој вид.

3. Џиновската желка со мек оклоп од Јангце (Rafetus swinhoei)

zv03

Според Здружението за заштита на дивиот свет, во светот се преостанати уште само четири вакви желки. Повеќе групи и здруженија за зачувување на дивиот животински свет работат здружено за да ја зачуваат најзагрозената желка во светот.

4. Мадагаскарска патка

zv04

Според Би-Би-Си, во светот останале уште само дваесет и пет мадагаскарски патки во дивината. Едно истражување спроведено од „Пердувестиот дивеч и мочуриштата“ (Wildfowl and Wetlands) открило дека 96 отсто од сите пилиња кои се изведувале умирале на само две или три недели возраст. Умираат бидејќи со човечките дејствија на овие птици им преостанало уште само едно мочуриште, при што за пилињата не можело да се обезбеди доволно храна.

5. Северен бел носорог

zv05

Ловокрадците за несреќа го довеле северниот бел носорог блиску до исчезнување низ цела Африка. Многумина веруваат дека роговите од носорогот донесува поголема парична добивка и од дрогата. Последниот од овој животниски вид сега се наоѓа под постојан надзор.

Сподели на Facebook
пати видено