Според истражувањето спроведено од криминологот Стефан Харборт сериските убијци се сретнуваат во просек со 31 потенцијална жртва пред да ја одберат „вистинската“.
Ова значи дека можеби многу луѓе биле мета на сериски убиец но не биле свесни за тоа. За жал овие 5 луѓе немале толку „среќа“ и тие морале да го преживеат хоророт кој им го предизвикале безмилосните убијци.
5. Карла Браун
Во 2016 година Карла и нејзиното момче Чарлс биле најмени од страна на Тод Кохлхеп да работат на неговата земја. Тие набргу исчезнале. Неколку месеци подоцна полицијата која ги следела трагите успеала да ја пронајде Карла врзана со ланци во транспортен контејнер, кој бил на имотот на Тод. Веднаш потоа било пронајдено и телото на нејзиното момче Чарлс. Тод убил уште еден пар, а во 2003 година убил 4 луѓе. Кога имал 15 години тој киднапирал и силувал девојче на негова возраст, за што добил казна затвор од 14 години, која му завршила во 2001 година.
4. Роџер Спростон
Во 80-тите Роџер возел камион за сладолед, но еден ден му го украле камионот и тој станал на автопатот. Роџер решил да побара превоз со автостоп. Еден човек застанал и Роџер се качил во автомобилот. Тоа бил серискиот убиец Вилијам Бонин, кој веќе убил неколку луѓе кои стопирале на автопатот. Роџер почувствувал дека човекот е сомнителен и побарал од него да застане за да се симне. Првин Вилијам го послушал, но кога застанал почнал да го дави Роџер со сајла. Роџер успеал некако да се извлече и кога налетал на полициско возило им раскажал за тоа што му се случило. Неколку дена подоцна Вилијам бил уапсен.
3. Марија Хернандез
Во 1985 година стоела пред нејзината гаража во Калифорнија. Тогаш таа била нападната од Ричард Рамирез, кој подоцна ќе биде познат како „Ноќен демнач“ и ќе го тероризира Лос Анџелес неколку месеци. Рамирез пукал во лицето на Марија, но за среќа таа ги ставила рацете на лицето и куршумот се одбил од нејзините клучеви и ја погодил во раката. Потоа Рамирез влегол во домот на Марија каде што го убил нејзиниот цимер. Една година подоцна Марија повторно се сретнала со Размирез, но овој пат во судница. Со нејзиното сведочење таа помогнала Рамирез да заврши во гасна комора.
2. Маргарет Палм
Стефан Морин или познат како „Камелеон“ бил осуден за убиство на 3 луѓе и осомничен за други 30. Тој ги киднапирал жртвите и ги носел со себе додека патувал а притоа брутално си силувал. Кога ја киднапирал Маргарет Палм, тој ја возел 10 часа до мотел, а притоа Маргарет го убедила да служаат касети со верска содржина. Подоцна во мотелот таа почнала да му ја чита Библијата. Тогаш Морин ја пуштил Палм на слобода и ветил дека ќе се предаде. Тој бил уапсен на автобуска станица, кога наводно тргнал кон полисицката станица.
1. Лиса Ноланд
Во 1894 година Боби Џо Лонг убил 10 жени и силувал десетици во период од 8 месеци. Тој ја киднапирал 17-годишната Лиса и ја силувал 26 часа. Бизарно е тоа што еден ден пред тоа Лиса напишала проштално писмо и дека планира да се самоубие поради тоа што била злоставувана со години од член на семејството. Таа имала намера да го стори тоа тој ден кога била киднапирана. Но кога Боби ја киднапирал Лиса сфатила дека сака да живее. Таа успеала да се поврзе со убиецот и да го третира како „мало дете“ затоа што гледала во емисија дека така ќе му стане потешко да ја убие. Лиса била во право, по два дена Боби ја оставил Лиса во нејзината населба. За среќа девојката ги запомнила сите детали за станот, автомобилот и Боби. Нејзините информации и помогнале на полицијата да го упаси убиецот.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!