Нашата врска со нашето минато станува се послаба како што минуваат годините и физичките остатоци од историјата се распаѓаат. Некои од нив исчезнуваат затоа што луѓето не ги заштитиле, некои од нив се украдени и никогаш пронајдени, додека пак некои се уништени во природна катастрофа. Како и да е фактот дека историјата исчезнува пред нашите очи е очигледен.
5. Пекиншки Човек
„Пекиншки Човек“ е назив за голем број фосилизирано коски пронајдени во Кина во 1920-тите. Тие биле од голема важност затоа што содржеле клучни информации за животот на Хомо сапаенс. Во 1941 година, додека Пекинг бил под јапонска окупација, фосилите на Пекиншкиот човек биле земени за да бидат префрлени во САД. Но тие никогаш не стигнале во САД. Постојат шпекулации дека бродот потонал, дека биле продадени за лекови од страна на војниците или пак биле уништени.
4. Човечки мозок
Чарлс Витман бил пореметен човек кој во 1966 година со пиштол убил 16 луѓе и ранил повеќе, пред да биде убиен од полицијата. Неговиот мозок бил земен за проучување за да се открие неговото агресивно однесување. Во мозокот на Чарлс е откриен мал тумор, кој можеби бил причината поради која тој не можел да го контролира гневот. Овој мозок бил значаен за науката и начин да се открие како функционираат убијците. Но, тој иако би требало да биде безбедно чуван во Универзитетот во Тексас, во 1990 година кога научниците сакале повторно да го истражуваат заклучиле дека исчезнал, а никој не знаел како и каде би можел да биде.
3. Килибарната соба
Килибарната соба претставувала еден од најголемите споменици на историјата на Русија. Таа претставувала просторија обложена во стотици килограми килибар, со скапоцени камења насекаде, изградена за рускиот цар Петар Велики. Можеби звучи чудно да исчезне цела соба, но за Нацистите ова не било проблем. Во 1941 година тие го ограбиле дворецот, заедно со целата содржина на килибарната соба. Оттогаш никој не знае каде завршила оваа соба и дали уште постои.
2. Нуклеарно оружје
Ова е една од работите кои никогаш не би требало да се изгубат. Но, сепак на САД им се случувало тоа неколку пати. Вкупно шест нуклеарни оружја исчезнале, две од нив исчезнале додека Б-47 ги носел над Медитеранот, а друга пак била на A-4E Skyhawk кога се стркала од палубата на носач на авиони во 1965 година. Дали оваа оружје завршило на дното на океаните и морињата или пак во рацете на непријателот никој не знае.
1. Оригиналната снимка од слетувањето на Месечината
Тешко е да се замисли едно парче снимка историски поважно од слетувањето на Месечината од 1969 година. Но, НАСА успеала да ги изгуби оригиналните снимки од слетувањето на Месечината (или така сакаат да мислиме). Оригиналните снимки требале да се конвертираат пред да можат да бидат испратени до светските телевизии, а конвертираното видео имало прилично полоша снимка од онаа оригиналната снимена од камерите на астронаутите. Постојат шпекулации дека некој од НАСА по грешка ја преснимал копијата на оригиналот и така се изгубила оваа историска снимка. Што и да се случило, оваа случка ги натера луѓето да помислат дека слетувањето на Месечината е измама.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.