По смртта, телото на секое живо суштество се распаѓа. Но од време на време се случуваат чудни нешта и телото останува повеќе или помалку нечепнато со стотици или дури и со илјадници години.
Следуваат пет такви мистериозни примери:
1. Ла Дончела
Петнаесетгодишното девојче од народот Инки било убиено пред околу 500 години како религиска жртва на падините на една планина во денешна Аргентина. Кога истражувачите го пронашле нејзиното тело во 1999 година, било утврдено дека починала од еден, единствен силен удар во главата.
Студената температура и сувиот воздух на Андите сиромашен со кислород го презервирале телото. Иако нејзиното вистинско име е загубено во вековите кои поминале, помеѓу мештаните и во научната јавност е позната како „Ла Дончела“ – Девицата.
2. Св. Бетина Зита
Зита била позната како љубезна и грижлива личност. Луѓето толку ја почитувале, што околу нејзината личност бил изграден мал религиски култ. Починала во 1273 година. Кога нејзиното тело било ископано триста години подоцна, било најдено зачувано. Изгледала како да е жива Оттогаш телото е мумифицирано и изложено во базиликата во Сан Фредиано во Лука, Италија.
3. Даши-Доржо Итиголов
Итиголов бил будистички лама од Русија кој умрел во 1927 година. Околностите за неговата смрт се доста впечатливи. Побарал од другите лами да ги почнат погребните процедури уште додека бил жив и медитирал. Умрел медитирајќи во положба на лотус додека неговите колеги го подготвувале за закопување. Исто така, побарал неговото тело да биде ископано после неколку години. Неговото тело е сѐ уште сочувано, иако по малку изобличено поради солта во која било чувано.
4. Св. Катерина Лабуре
Св. Катерина Лабуре наводно многу пати била посетена многу пати од страна на Богородица. Според некои нејзини раскажувања, Катерина ги ставила нејзините раце во скутот на Богородица додека зборувала со неа во празна капела. Кога Катерина починала во 1876, бил извршен типичен погребен обред и останала закопана сѐ до 1933 година.Во 1933 година била ископана како дел од процесот на посветување. Кога ја ископале, биле вчудоневидени од нејзиното совршено сочувано тело. Нејзиното тело денес е изложено во Париз.
5. Дамата Ксин Жуи
Ксин Жуи била сопруга на кинески благородник за време на династијата Хан. Живеела во изобилство и луксуз, што на крајот и ја стигнало во 163 г. пр.н.е. Била морбидно дебела и починала од срцев удар. Тие трагични околности се забележуваат и на мистериозно зачуваното тело. Истражувачите ја ископале во 1971 година и утврдиле дека нејзината кожа е сѐ уште мека, а нејзините зглобови сѐ уште подвижни.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.