Неверојатниот свет на магијата ги привлекува и децата и возрасните. Како деца сите ги сакавме магионичарските трикови, зарем не? Сега како возрасни знаеме дека добриот трик или илузија никогаш не умира. Затоа удоволете му да детето во вас и откријте како се изведуваат некои од најинтересните магионичарски трикови.

5. Бесконечна чаша за пиење

Трикот вклучува 4 транспарентни чаши. Секоја од нив е двојно поголема од претходната. Најмалата е полна со млеко. Магионичарот го истура млекото во чашата, која што е двојно поголема и … млекото целосно ја исполнува втората чаша. Потоа тој го истура млекото во третата чаша, а млекото повторно двојно се зголемува.

Како се прави тоа: Има цврсти пластични цилиндри кои го исполнуваат центарот на секоја чаша. Сепак, остава тесен канал околу страните. Значи млекото не се удвојува, туку го исполнува специјално дизајнираниот простор, кој е … да … само 230 милилитри.

4. Сијалица без електрична енергија

Во раката на магионичарот свети обична неискористена сијалица. Како е можно тоа?

Како се прави тоа: Светлината всушност доаѓа од мала направа скриена во раката на магионичарот. Тоа е едноставно LED светло кое се напојува со батерија. Магионичарот може да го вклучи секогаш кога сака. А на публиката и изгледа како сијалицата да се осветлува со помош на некоја магична моќ.

3. Пресечен човек

Магичарот изгледа како да е пресечен на половина и си ги држи нозете.

Како се прави тоа: Ова е само оптичка илузија. Ако погледнете внимателно, може да забележите дека човекот држи пластични нозе од кукла. Сè што треба да направите е да направите правилна положба и да носите широка облека за да ги скриете сите тајни.

2. Поврзување на прстени

Магичарот покажува дека 3 прстени се цврсти. Наредниот момент, тој некако поврзува 2 од нив и потоа магично ги одделува. Магија!

Како се прави тоа: Тоа се должи на „брзата рака“ бидејќи во еден од прстените има мала празнина, која тој ја крие со дланката на раката.

1. Исчезнување на гулабите

Магионичарот ја отвора специјалната кутија и ја става птицата внатре. Потоа го затвора капакот. Магична магија и …магионичарот ја отвора кутијата и му го дава капакот на својот помошник. Каде е гулабот сега? Го нема!

Како се прави тоа: Сето тоа е во магичниот капак. Има тајна преграда каде што е скриен гулабот. Магионичарот само треба да се погрижи асистентот да го скрие тајниот дел.

Доколку сакате да ги дознаете тајните на уште магионичарски трикови пточитајте повеќе тука:

7-те најпознати магионичарски трикови на сите времиња;
Тајните зад 4 познати магионичарски трикови и
10 магионичарски трикови чии тајни конечно се откриени.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено