Агата Кристи е една од ретките писатели кои целосно ја надминаа поп-културата за да станат повеќе или помалку постојани тела во книжевноста. Голем број писатели кои биле популарни по нивната смрт останале заборавени заедно со нивните дела. Ова не е случајот со Агата, нејзините дела се најпродавани и тоа го пишува и во Гинисовата книга на рекорди, а популарноста на делата и понатаму расте. Романите и животот на Агата Кристи биле полни со мистерија, затоа таа во своите дела оставала траги кои ја кажуваат вистината за нејзиниот живот.

Деменција

Во последните неколку дела кои ги напишала пред нејзината смрт, според истражување спроведено од Универзитетот во Торонто сложеноста на речениците и квалитетот на вокабуларот опаѓаат и иако Кристи никогаш не била дијагностицирана, претпоставката е дека таа страдала од Алцхајмеровата болест или слична состојба. Најверојатно Кристи била свесна за нејзината состојба бидејќи во последната книга „Слоновите можат да помнат“, главниот лик Аријадна Оливер писателка на криминални романи, којашто е замислена како портрет на самата Агата Кристи, не може сама да го реши злосторството и затоа го повикува Херкул Поаро за да и помогне.

Го замразила Поаро

Најпопуларниот лик на Агата е Херкул Поаро, низок белгиски детектив со чувство за ред и неговите „сиви ќелии“. Кристи сепак почнала да го мрази ликот на Поаро и посакувала да не биде толку популарен за да престане да пишува за него. Кристи го „убила“ Поаро во 1945 година, кога ја напишала книгата „Завеса“, а потоа ја ставила книгата во сеф и дозволила да биде објавена кога била близу до смртта. Со оглед на тоа што Поаро е всушност убиецот во таа финална книга, лесно е да се види дека Кристи го мразела овој профитабилен лик.

Заеднички универзум

Мис Марпл

Сите ликови на Агата делат еден ист свет и се „познаваат“. Клучниот роман е „Бледиот коњ“ во кој се појавуваат четири лика кои ги има и во познатите дела со Херкул Поаро и Мис Марпл.

Упатувањата кон себеси

Најочигледна е референцата во романот „Телото во библиотеката“, кога едно дете ги наведува познатите детективски автори чии автограми ги собрало, вклучувајќи ги Дороти Л. Сајерс, Џон Диксон и Х.Ц. Бејли и Кристи! Кристи, исто така, го моделирала „славниот автор“ Аријадна Оливер и ја опишува нејзинатакариера со депресивни тоновите што Ви кажуваат се што треба да знаете за тоа што Кристи размислувала за нејзината кариера и нејзината слава.

Таа често не знаела кој е убиецот

Кристи многу често не знаела кој е убиецот на почетокот на романот. Таа ги следела доказите кои што ги пишувала, ги составувала и барала задоволително решение за тоа кој би можел да биде убиецот. Ликовите во нејзините дела исто така на почетокот даваат неколку неточни претпоставки, што може да биде начинот на кој Кристи го барала официјалното решение на мистеријата.

Сподели на Facebook
пати видено