Понекогаш вистинскиот живот може да произведе приказни во кои тешко може да се поверува, како актерка која се заљубила во бездомник алкохоличар и сега се среќно венчани. Сите овие приказни би можеле да бидат одлични за филмското платно. Прочитајте ги и уверете се сами.
Шведска актерка и новинарка се вљубила во бездомник алкохоличар и сега се во среќен брак веќе 10 години.
Еми Абрахамсон од Шведска се запознала со еден човек во Амстердам во 2006 година. Таа веднаш сфатила дека е бездомник бидејќи неговата коса и облека биле валкани, но таа била погодена од неговите „убави кафени очи“. Името на човекот било Вик Кокула. Тие разговарале и Еми се согласила да се сретне со него повторно. Двојката вели дека веднаш почувствувале дека постои хемија меѓу нив.
Подоцна, Еми се вратила во Виена, каде што живеела во тоа време. Таа никогаш не помислила дека повторно ќе го види Вик. Но, по 3 недели, тој се јавил. Оттогаш поминале 10 години, тие се венчале и имаат близнаци. Екс-бездомникот престанал да пие и станал механички инженер, додека Еми напишала книга за нивната љубов која стана бестселер.
Една стара дама од шпанскиот град Борја ја уништила фреската на Исус Христос, а градот станал богат благодарение на туристите кои што доаѓаат да ја видат.
Во 2012 година, постарата дама Сесилија Гименез ја обновувала фреската на Исус Христос наречена „Ecce Homo“ насликана во 1930 година од Елиас Гарсија Мартинез. Но, работите тргнале во погрешен правец и фреската била уништена, или барем така мислеле. Нејзиното „дело“ станало предмет на потсмев насекаде во светот и никој не можел да ја врати сликата во првобитната состојба.
Но, работата на Сесилија привлече многу внимание и туристи во шпанскиот град каде што може да се најде оваа фреска. Тие дури се подготвени да платат за да го видат новиот „Ecce Homo“ и тие стојат во ред за да ги купат сувенирите со изместеното лице на Исус на нив. Дел од овие пари одат за поддршка на локалниот дом за пензионери и Сесилија, која мора да се грижи за нејзиниот болен син, кој има церебрална парализа. Целиот град со население од 5000 исто така живее од приходите од туристи кои сакаат да ја фотографираат сликата и нејзиниот „реставратор“.
2 девојки отишле на кратко патување со јахта, но лутале во океанот 5 месеци пред да бидат спасени.
2 Американки, Џенифер Апел и Таша Фуава одлучиле да патуваат со јахта од Хаваи до Тахити. Тие ги земале своите 2 кучиња и тргнале од Хонолулу, планирајќи да бидат на нивната дестинација за 18 дена. Но, по невреме им откажале моторите и тие продолжиле да пловат надевајќи се дека ќе дојдат до некое копно. Тие испраќале сигнали за помош но биле премногу далеку од други бродови.
Таша и Џенифер поминале цели 5 месеци на отворен океан јадејќи ориз и овесна каша и користејќи прочистувачи на вода за свежа вода. Тие на крајот биле пронајдени од страна на тајвански рибари 550 милји од јапонскиот брег и спасени од страна на морнарицата на САД. Дотогаш девојките речиси ги потрошиле своите резерви и ја изгубиле сета надеж дека ќе преживеат.
Една жена го оставила својот сопруг и нивните 3 деца за да живее во џунглата.
Во 1970-тите Кенет Гуд, антрополог, го проучувал племето Јаномами кое живеело во јужна Венецуела. Тој го научил нивниот јазик, а потоа се оженил со племенска девојка по име Јарима, која со него се преселила во САД. Двојката имала 3 деца. Но, Јарима се чувствувала осамено во Њујорк и кога нивниот најстар син Дејвид имал само 5 години решила да се врати во дождовната шума на Амазон.
Дејвид не можел да разбере зошто нивната мајка ги оставила и израснал со лоши чувства за неа. Потоа ги прочитал мемоарите на татко му за племето Јаномами и Јарима и сфатил дека сака да се запознае со неговата мајка. По 3 дена на реката Ориноко, на крајот стигнал до селото каде што живеело племето на неговата мајка. Тој за прв пат по 20 години ја видел својата мајка. Средбата била навистина трогателна, и мајката и синот плачеле. Во моментов Дејвид ја проучува културата на племето и е горд што е половина Јаномами.
Еден човек и јато галеби уништиле една хотелска соба. Менаџментот на хотелот им одобрил помилување, но само по 17 години.
Во 2001 година Ник Бурчил од Канада бил на службено патување и престојувал во хотелот Fairmont Empress во Викторија. Овој град е познат по своите „братски феферони“, а пријателите на Ник од морнарицата го замолиле да им донесе. Ник имал полн куфер со вакви пиперки, но во собата немало фрижидер и затоа ги ставил до отворен прозорец и отишол на прошетка.
5 часа подоцна Ник се вратил во собата и „начекал“ јато галеби како ги јадат неговите феферони. Поради она што го направиле фефероните во дигестивниот систем на птиците целата соба била прекриена со измет, а кога галебите го забележале Ник „полуделе“ и почнале да летаат низ собата, кршејќи ги предметите и обидувајќи се да излезат низ малата дупка на прозорецот од која што влегле.
Кога во собата останал само еден галеб Ник се обидел да го избрка така што го мавнал со чевел, но чевелот излетал преку прозорецот. Ник требал да оди на многу важен деловен состанок, но не можел со еден чевел и затоа се спуштил да го земе од улицата. Чевелот паднал во локва и бил мокар. Затоа тој го однел во собата за да го исуши со фен.
Фенот случајно му паднал од рацете во кадата со вода и предизвикал електричен спој поради кој целиот хотел останал без струја. Неговата соба била целосно уништена. Ник добил доживотна забрана за престој во хотелот.
17 години подоцна, Ник напишал писмо до менаџментот на хотелот барајќи „помилување“. Во ова писмо, тој ги опишал настаните и раководството му дало помилување и му дозволило повторно да престојува таму.