Од нашето раѓање ние постојано сме програмирани да мислиме и планираме за иднината. Планирате да одите на факултет. Ја планирате вашата кариера, ги планирате вашите одмори, семејниот живот, мислите однапред за пензионерските денови….А зошто би требало да живееме во сегашноста?
1. Сегашноста е единственото нешто врз кое имаме вистинска контрола
Овој миг сега и тоа што го прваите во моментот е сѐ врз што имате апсолутна контрола. Не можете да го промените вашето минато и не можете да ја диктирате вашата иднина. Ако нештата сега не се такви какви што би сакале да бидат, работете на нивната промена.
2. Секоја секунда од секој ден е подарок
Можело да се случи и воопшто да не се родите. Но нештата се погодиле така што и ние сме му се придружиле на овој луд свет. И згора на сѐ, животот не е вечен, и тој си има свој крај. Некои мислат дека пак ќе се родиме, некои веруваат во некој друг свет, но за ништо од тоа нема цврсти докази дека не се обични пусти желби. Затоа секој миг е важен, а за утре никој не ви ветува ништо.
3. Живеењето во сегашноста го намалува стресот
Кога ќе престанете да тагувате по минатото или да се обидувате да ја контролирате иднината, увидувате дека стресот просто се стопува. А и нема смисол да се нервирате за нешта кои не се случиле.
4. Понекогаш нештата не испаѓаат како што сме планирале и сме се надевале
Ако сите наши јајца ги ставиме во кошницата на надежите, соништата и плановите за иднината, си местиме на себеси еден голем пораз. Пораз кој може да нѐ столчи. Но кога ја живеете сегашноста, можностите за разочарувања се помали.
5. Општо земено, ќе бидете многу посреќни
Будистите имаат право – живеењето на сегашноста ќе ве направи посреќни, поуспешни и помирни. Треба да научиме да уживаме во секој миг, инаку еден ден ќе се разбудиме увидувајќи дека животот ни се измолкнал од рацете.