Ребека Баркер, мајка на три деца објаснува како сексот го презел нејзиниот живот, објаснувајќи: „5 пати на ден не ми беше доволно“. 37-годишната жена објаснува дека нејзината немилосрдна зависност ја уништила нејзината врска и предизвикала да живее живот на засрамен „пустиник“.

Ребека, која живее во Тадкастер во Северен Јоркшир вели дека нејзиното момче првин „уживало во вниманието“, но потоа почнало да се сомнева во нејзината постојана желба за интимност.

„Тој ме обвини дека имам афера. Мислеше дека се чувствувам виновна за тоа и затоа сакам да имам секс со него.“, вели Ребека. Таа била свесна за нејзината зависност и не сакала да излегува од дома. „Јас останував дома затоа што се чувствував засрамена бидејќи само за тоа можев да размислувам. Тоа беше првото нешто на кое што помислував кога ќе се разбудам, едноставно не можев да го извадам од глава“, вели таа.

Сексот и давал „инстант енергија“, но по пет минути таа сакала уште. Ребека верува дека нејзината зависност е поврзана со депресија, која и била дијагностицирана откако го родила своето трето дете во 2012 година и ѝ бил дијагностициран недостаток на серотонин.

Но откако раскинала со момчето, го сменила работното место и се преселила во Франција, таа вели дека ја победила депресијата и нејзината сексуална опсесија.

Сподели на Facebook
пати видено