Кога некој ќе спомне лисица, вообичаено се будат две асоцијации – итроштина и слика на црвена лисица. Но лисицата е разновидно и многу добро прилагодливо животно и ја има насекаде низ светот. На следните фотографии можете да видите како пет различни видови на лисица во нивната природна средина.

Пустинска лисица (Фенек)

li01 li02

Пустинските лисици се среќаваат во северна Африка и Сахара. Се одликуваат со нивните големи уши преку кои се ослободуваат од вишокот топлина. Се разбира, ушите им овозможуваат и неверојатно добар слух, можејќи да го слушнат својот плен како се двиши под песокот. Нивното крзно со крем боја ја одбива светлината дење, а ги топли ноќе, а исто така помага полесно да се камуфлираат во средината во која живеат.

Црвена лисица

li03

li04 li05 li06

Црвената лисица е најголемиот и најраспространетиот вид на лисица во светот. Тие се вешти ловци и се познати по својата способност да прескокнат ограда висока и до 2m.

Поларна лисица

li07 li08 li09 li10

Поларната лисица е мал вид на лисица која ги населува студените арктички области на северната хемисфера. Своето крзно го менува во зависност од годишното доба.

Сива лисица

li11 li12 li13

Сивата лисица живее низ Северна Америка и е позната по тоа што е единственото животно во семејството кучиња (Canidae) способно да се качува по дрвја.

Сребрена лисица

li14

Сребрената лисица е всушност ист вид како и црвената лисица, просто се работи за поинаква обоеност на крзното. Порано крзното на оваа лисица било едно од најценетите и поради тоа и денес се одгледува специјално само за таа намена.

 

Сподели на Facebook
пати видено