Често архитектите и визионерите преку нивните градби и идеи го менуваат општеството, сепак понекогаш и тие земаат „преголем залак“ и нивните проекти остануваат само на лист хартија.
Мотопија
Во 1960-тите и 1970-тите, Велика Британија беше импресионирана од способноста на Пилкингтон да произведува огромни стаклени плочи. Компанијата воспостави нова филијала наречена Комитет за развој на стакленото доба за промовирање на употребата на стаклото како градежен материјал. Еден од најпознатите планови е „Монопија“, град, направен по дизајн на Џефри Џелико во кој автомобилите и сите патишта би биле распоредени на покривите на огромни стаклени згради на тој начин земјата да остане само како зона за одмор, паркови и зеленило. Проектот и денес би бил неверојатен, а тогаш предизвикал вистинска сензација. Сепак од „Монопија“ останале само шеми и цртежи.
Огромната купола на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес
Аеродромот сé уште има неверојатна архитектура, но првичните архитектонски планови на Переира и Лукман во 1952 година биле различни. Тие сакле аеродромот да биде сместен под џиновска стаклена купола со палми кои достигаат до покривот каде што ќе започнуваат терминалите.
Хотел „Атракција“ во Њујорк
Хотелиерот Едвард Карлтон бил импресиониран од архитектонски дизајн на Антони Гауди. Така, во 1908 година, кога Карлтон планирал да изгради нов луксузен хотел во Менхетен, тој отпатувал за Шпанија за да се сретне со архитектот и да побара од него да ја дизајнира зградата. Хотел „Атракција“ требало да биде висок 304 метри, во Менхетен, но Гауди се откажал од проектот една година подоцна.
Куполата во Менхетен
Дури и денес идејата луѓето да живеат под огромна купола изгледа неверојатна. Таква била и во 1960 година, кога инженерот Бакминстер Фулер и архитект Шиџи Садао предложиле во Менхетен да биде изградена стаклена купола со дијаметар од 3 километри.
„Зелена птица“ во Лондон
Архитектите од “Future Systems” предложиле во 1990 година да биде изградена 83-катна кула со висина од 440 метри во Лондон, која величествено ќе се издигнува над градот. Идејата била добро прифатена, но подоцна архитектире се откажале, бидејќи кулата ќе имала чудна форма која никогаш немало да се ослободи од потсмев.