Сите сакаме кармата да биде реална. Не веруваат сите дека постои натприродна сила која прави доброто со добро да се враќа. Но овие примери покажуваат дека кармата постои и дека никогаш не треба да се разочаруваме и да се каеме за добрите работи кои сме ги направиле во животот.
Џејмс Харисон донираше крв и спаси два милиони бебиња
Кога Џејмс Харисон имал 14 години имал операција на која хирурзите морале да му отстранат еден од неговите бели дробови и тој изгубил 2 литри крв, која подоцна му била донирана од крводарители. Џејмс си ветил дека и тој ќе стане крводарител кога ќе порасне и на 18 години за прв пат донирал крв а лекарите веднаш забележале дека неговата крв е необична. Таа имала антитела кои станале лек за резус болест, крвно нарушување кое може да предизвика раѓање на бебиња со оштетување на мозокот и смрт. Харисон, сега во седумдесеттите години, ги спасил животите на повеќе од два милиони бебиња. Но тој исто така го спасил животот и на сопственото внуче, кога на неговата ќерка во бременоста и бил дијаностициран висок ризик за резус конфликт.
Маж бил спасен од момче кое што го спасила неговата сопруга
Кога Роџер Лаусер имал 4 години залутал од неговата мајка на плажата во 1965 година, тој сакал да плива но почнал да се дави, но тогаш го спасила жена која случајно се нашла тука по име Алис Блејс. кога имал 13 години Роџер повторно се шетал на оваа плажа и слушнал жена како бара помош бијеќи нејзиниот сопруг се давел. Роџер веднаш скокнал во водата и го спасил човекот, тие дури наредниот ден сфатиле дека веќе еднаш се запознале и дека Алис му го спасила животот на Роџер.
Хероите на Холокаустот беа спасени од геноцидот во Босна
Кога Германците го нападнаа Сараево во 1941 година, семејството Кавилио знаело дека нивните денови се изброени затоа што се Евреи. Нивниот семеен пријател Мустафа Хардага го скрил семејството Кавилио во неговиот дом и им помогнал да избегаат од државата. Сите биле спасени освен таткото, Џосеф Кавилио. Тој завршил во еден од камповите за работа, но и тој бил ослободен од страна на Хардага семејството и обединет со остатокот од Кавилио семејството. 50 години подоцна кога почнала војната во Босна, животите на Хардага семејството биле во опасност, но од Јад Вашем знаеле за приказната и кога започнала војната Еврејската организација за жртвите од холокаустот го извлекла муслиманското семејство Хардага во Израел.
Човекот донирал половина од црниот дроб на идната сопруга
Кристофер Демпси донирал половина од црниот дроб на личност која што не ја познавал. Тој го слушнал неговиот колега како зборува за роднина која што имала болест на црниот дроб, но имало 119.000 пред неа на листата за чекање. Тогаш Крис решил да провери дали неговиот црн дроб ќе одговара и потоа се согласил да и помогне на девојката, која што уште не ја познавал. Тие се запознале пред операцијата, а по операцијата тие почнале да излегуваат и се вљубиле еден во друг. Во 2016 година две години откако Кристофер и го спасил животот на Хедер Кругер тие стапиле во брак.
Бездомник вратил прстен вреден 4000 долари и добил куќа
Били Реј Харис просел во Канзас Сити кога една млада жена по име Сара Дарлинг имала намера да пушти неколку монети во неговата чашка, но во неа паднал и нејзиниот веренички прстен. Били сакал да го продаде прстенот но кога локалниот златар му понудил 4000 долари за него Били почувствувал грижа на совеста и чекал жената да се врати назад за да и го врати прстенот. Кога Сара го добила прстенот назад основала интернет страна каде што ја раскажала приказната и почнала да собира донации за Били. На страницата Били го препознала неговата сестра и го поканила да живее со неа. Донациите достигнале 185.000 долари и били си купил куќа и автомобил и почнал нов живот.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.