Олимпијадата е врвот на кариерата на повеќето спортисти, па затоа секој кој ќе успее да стигне до таму мора да е прилично посебна личност. Меѓу медалите, радоста и оваците има и исклучително „човечки“ моменти кои навистина заслужуваат златен медал.
Лоренс Леми (1988)
Лоренс бил на пат да го освои второто место во својата петта трка во едрењето на Игрите во Сеул, кога забележл брод во друга трка која се заглавил во лошите временски услови. Кога сфатил дека екипажот е заглавен под бротчето, Лоренс ја напуштил трката дисквалификувајќи се себеси во процесот, за да ги спаси луѓето. На церемонијата за доделување награди, Лоренс ја добил наградата Пјер де Кубертен за спортскиот дух кој го покажал.
Шун Фуџимото (1976)
Шун Фуџимото, кој учествувал на Олимписките игри во Монтреал во 1976 година, само за да докаже дека е „човек од камен“. За време на една од неговите точки тој паднал и го скршил коленото. Но тој не кажал никому за тоа што му се случило, ниту на луѓето од неговиот тим, а на јарецот постигнал резултат 9,5 / 10 и рутината ја завршил така што направил двојно салто. Тој дури тогаш признал дека чувствува болки а кога требало да го земе златниот медал, го придржувала на платформата затоа што повеќе не можел да стои.
Бети Робинсон (1936)
По авионска несреќа во 1931 година, се веруваше дека американската спринтерка Бети Робинсон е мртва. Грешката била забележана од страна на гробарот, кој требал да ја однесе за да биде погребана. Потоа Бети била однесена во болница и останала во кома 7 месеци. Наредните 6 месеци откако се разбудила Бети била во инвалидска количка и поминале уште две години додека да може нормално да оди. Пет години подоцна на Олимпијадата во Берлин во 1936 година, Робинсон не можеше да се натпреварува во спринтот од 100 метри, бидејќи не можеше да се наведнува на стартната позиција. Наместо тоа, таа се натпреваруваше заедно со тим на 4×100 метри со штафета, со кој го освоила среброто во 1928 година. Бети и нејзиниот тим го освоиле златото во оваа категорија во 1936 година.
Џеси Овенс и Лудвиг Лонг (1936)
Во еден од најпознатите моменти во историјата на спортот, Џеси Овенс самостојно ја уништи теоријата на Адолф Хитлер за ариевската расна надмоќност. Освојувајќи четири златни медали во Берлин и поставувајќи нов рекорд на скок во височина, во време кога голем дел од достигнувањата на Овенс на Олимписките игри беа засенети од расизмот. Овенс најде сојузник во неговиот најжесток конкурент. Лудвиг Лонг олицетворение на ариевскиот идеал на Хитлер, му сугерирал на Овенс да го промени залетот за скок во далечина. Бидејќи не бил успешен на претходните два скока Овенс чувствувал дека нема што да изгуби и го послушал Лудвиг. Овој совет го испратил во финалето.
Дерек Редмонд (1992)
Кога заминал на Олимпијадата во Барселона во 1992 година, Дерек Редмонд очекувал да победи на трката од 400 метри и покрај тоа што имал неколку мали повреди во претходните месеци. Но во полуфиналето ја скинал тетивата. Одбивајќи медицинска помош Дерек ја продолжил трката потскокнувајќи на здравата нога. Кога стигнал до последниот дел од трката му се придружил и неговиот татко и двајцата добиле овации од публиката.