Нашата планета е полна со мистерии, а најголемите тајни ги кријат океанските длабочини. Следува листа од пет најинтригантни подводни мистерии.

Молинер парк со подводни скулптури

Се наоѓа во Карипско Море во близина на западниот брег на Гренада, паркот беше создадена од страна на британскиот скулптор Џејсон ДеКаирес Тејлор. Во мај 2006 година првиот светски подводен парк за скулптури беше отворен за јавноста.  Целта на Тејлор беше да се вклучат локалните луѓе во истражување на подводната средина и поради тоа скулптурите се поврзани со нивната традиција.

Градот на лавовите

Се наоѓа на околу 131 стапа под површината, ова потонат град раскажува една интересна приказна. Оваа древна Азиска Атлантида се наоѓа во езеро меѓу петте планините Лав. Доколку гледаме  назад во историјата, ќе откриеме дека овој град некогаш бил Ши Ченг, центарот на политиката и економијата во источната кинеска провинција Жеџијанг. Сепак, во 1959 година, кинеската влада одлучила дека им треба нова хидроцентрала, па тие изградиле вештачко езеро. Со текот на времето оваа метропола била поплавена и сега е туристичка дестинација за нуркачите.

Јонагуни

За овие масивни камења во Јапонија се смета дека се дел од античка метропола која потонала пред 13.000 години. Има многу теории за тоа како е создаден овој подводен комплекс, почнувајќи од древни цивилизации, вонземјани, и природни формации.

Атлантида во Португалија

Масивна подводна пирамида била пронајдена во близина на островите на Сао Мигуел и Терцеира во Азорските Острови. Азорските Острови се група на девет вулкански острови кои се наоѓаат над илјада километри од главниот град на Португалија, Лисабон. Чудно, подводната пирамида се наоѓа точно каде што старогрчкиот филозоф Платон пишувал дека Атлантида била лоцирана.

Аномалијата на Балтичкото море

Со дијаметар од 60 метри на северниот дел од Балтичкото море се наоѓа кружна карпеста формација. Таа е откриена од страна на Питер Линдберг, Денис Асберг и нивниот шведски “Океан X” тим за нуркање во јуни 2011 година. Тимот објави дека кругот е формиран на еден столб и вклучува структура слична на скалила,кои водат до темна дупка. Постојат многу луди теории за оваа аномалија, но вистината е дека оваа место е целосна мистерија.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено