Пред неколку дена, Рени Џенсен од Њу Џерси откри чудна играчка на нејзиниот трем. Тоа била кукла од кловнот од хорор филмот „Тоа“. Устата на куклата била намачкана со црвена боја и некој напишал чуден код на неа. Жената решила да ја контактира полиција, во случај ова да не е само безопасна шега.
Од полицијата ѝ кажале да се ослободи од куклата и таа ја запалила. Во овој случај полицијата одлучила да не делува. Но, можеби, ако решиле да спроведат истрага, таа ќе завршела во историјата како овие 5 бизарни случаи кои станаа познати.
Шифрата на Рики Макормик
Рики Макормик имал 41 година кога починал. Неговото тело било пронајдено во поле со пчена на 24 км од неговиот дом. Првично полицијата не гледала траги на насилство, но од ФБИ инсистирале дека станува збор за убиство.
При прегледот на сопственостите на жртвата, експерти за судска медицина откриле 2 чудни белешки што содржат збир букви, броеви и загради. Откако го испрашале семејството на жртвата, дошле до заклучок дека жртвата го користела овој код уште од детството и, можеби, овој пат со негова помош шифрирала информација за својот убиец.
Првин професионалци се обидувале да го дешифрираат писмото но не успеале. Потоа го прикачиле на интернет и побарале помош од јавноста, но колку и да се труделе резултатот бил неразбирлив. Приказната продолжила во 2012 година, кога членовите на семејството Рики им кажале на новинарите дека биле погрешно разбрани од истражителите. Тие не им кажале дека Рики пишувал со таен код туку дека често си чкртал по листови, бидејќи тоа го опуштало.
Ова откритие значи дека сите теории и претпоставки што се појавиле во скоро 20-годишна истрага може да испаднат глупости. И ако се земе предвид дека Рики имал сериозни проблеми со кардиоваскуларниот систем, поради што тој бил редовен во локалната болница, можеме да претпоставиме дека оригиналната верзија на полицијата за ненасилна смрт била вистинита.
Проклетството на Осејџ Планините
Во мај 1921 година, телото на Индијка по име Ана Браун било пронајдено во планината клисура Осејџ во северна Оклахома. Полицијата мислела дека имала несреќа се додека не забележале рана од куршум на нејзиното тело.
Како што се испоставило, ова бил почеток на ужасни настани. Наскоро починало целото семејство на девојчето: мајка и две сестри. И во текот на следните неколку месеци, околу 20 луѓе кои живееле на истиот локалитет како Ана починале и исчезнале.
Очекувано суеверните локални жители почнале да зборуваат за зли духови и проклетства. Сепак оние кои не биле толку суеверни почнале да се сомневаат во локалниот богат човек Вилијам Хејл. Забележувајќи го ова, полицијата, која во тоа време била близу до очајот заради тековните убиства решила да го провери земјоделецот. Се испоставило дека тој ги наредил убиствата на сите, а причината за тоа била алчноста.
Внукот на Вилијам бил оженет со една од сестрите на Ана. Семејството на девојчето поседувало плодно земјиште. Мажот решил да се ослободи од своите роднини, за да неговиот внук може да ја наследи земјата. Останатите станале жртви откако се посомневале во планот на Хејл.
Мажот бил осуден на доживотен затвор, но ослободен пред предвиденото во 1947 година. Тој живеел долг живот и починал на 88-годишна возраст.
Истрага со помош на семиња
Денис Џонсон била задавена во мај 1992 година. Нејзиното тело е пронајдено во шума близу градот Феникс во Аризона. До жената полицајците пронашле пејџер на Марк Боган. Полицијата го пронашла овој човек. Тој им кажал дека ја превезувал девојката, но по патот се скарале и таа излегла од автомобилот и му го украла пејџерот.
И покрај фактот дека истражителите биле сигурни дека Марк лаже сепак не можеле да докажат. Во неговото возило пронашле само неколку грама семе од јавор. Токму ова откритие овозможи истрагата да напредува.
Се покажало дека дрвото од кое испаднале овие семиња се наоѓа на местото на злосторството, но за да не се спореди со случајност полицијата морала да се сврти кон професор по молекуларна генетика од Универзитетот во Аризона.
Тој спроведе анализа на семе и примероци земени од наведеното дрво и откри дека ДНК на растенијата е идентична. Ова беше одлучувачки доказ за случајот. Боган бил осуден на доживотен затвор, а случајот на Денис бил првиот во историјата кој бил откриен со помош на растителна ДНК.
Случајот на вдовицата Ганес
Во 1908 година, полицијата добила извештај за ужасен пожар што се случил на фармата на вдовицата на Бела Ганес. Во него загинале трите деца на жената. Телото на самата Бела било невозможно да се идентификува па затоа утврдиле дека станува збор за неа според прстените на рацете.
Сепак истрагата покажала дека пожарот е подметнат и уапсиле локален пијаница, Реј Ламфер, кој долго време ѝ помагал на Бела во домашните работи и им велел на сите дека сака да се ожени со неа. Тој им признал на полицајците дека ја запалил фармата на барање на Бела, а телото пронајдено на фармата не е нејзино. Таа му кажала дека потоа ќе можат да избегаат со парите кои ги имала, но едноставно таа го изиграла.
Полицијата се прашувала од каде ѝ се парите на Бела? Реј им раскажал дека вдовицата барала богат сопруг во весниците и кога младоженците доаѓале со мираз таа ги убивала и им ги земала парите. Последниот потенцијален сопруг се посомневал и ѝ кажал дека ќе оди во полиција. Затоа Бела решила да го лажира своето убиство и да си ги убие децата.
На имотот на Бела биле пронајдени 14 тела, но се верува дека имала многу повеќе жртви. Таа никогаш не била пронајдена.
Луѓе со оловни маски
На 20 август 1966 година, на ридот Винтен, во близина на бразилскиот град Нитерој биле пронајдени тела на 2-ца мажи кои имале маски од олово. Во близина на телата тие пронашле ливче со бизарни инструкции:
„16:30 часот – да се биде на договореното место;
18:30 часот – земете ја капсулата и заштитете се со метал и почекајте го сигналот.“
Починатите биле Мануел Перејра и Мигел Хозе Виана. Во нивните домови биле пронајдени книги за НЛО и паранормални феномени. Истражувачите не успеале да откријат од што настанала смртта кај овие мажи. За време на истрагата, биле отфрлени верзии за труење, удар од гром и оштетување од зрачење.
Јавноста не била задоволна од нерешениот случај. Инспекторите морале да ги ексхумираат телата. Но, повотрно не пронашле ништо сомнително. Злосторството останува нерешено и до ден денес.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.