Секој што некогаш страдал од депресија вистински ги разбира нејзините поразителни ефекти. За некои луѓе депресијата стигнува до таму што ги осакатува нивните животни можности и се претвора во болест, крадејќи им ја енергијата, концентрацијата и задоволството. Луѓето коишто се во депресија не можат да најдат радост во било што. Во потешките случаи дури ја губат и волјата за живот. Затоа е важно да се има предвид дека депресијата е сериозна здравствена состојба којашто заслужува професионален третман. Депресијата можат да ја предизвикаат повеќе нешта, понекогаш работи коишто не зависат од нас. Но, депресија можат да ни донесат и нашите лоши навики. Еве пет примери за тоа:

1. Недоволна телесна активност

7201637_m

Можеби ќе звучи банално, но физичката активност и тоа како е од големо значење за вашето добро душевно здравје, покрај телесното. Седењето дома по цел ден без никаква физичка ангажираност прави човекот да стане мрзлив или да почне премногу да јаде, што го воведува во светот на нездравиот живот, намалувајќи ја самопочитта. А обратно на тоа, вежбањето секогаш прави да се чувствуваме подобро, дури и кога веќе не обзеле лоши чувства и немаме волја за ништо освен да лежиме в кревет и да се самосожалуваме. Нашиот мозок лачи два вида на хемикалии одговорни за нашето добро расположение – серотнонин и допамин. Дури и 40 минути вежбање на ден се доволни да го поттикнат вашиот мозок да лачи повеќе од овие хемикалии, помагајќи ви да го одржите здравиот дух.

2. Несоодветна исхрана

И пак, хранењето здраво не е добро само за вашето тело, туку и за вашиот ум. Видовите храна кои содржат омега 3 масни киселини се нарекуваат храна за мозокот бидејќи се од витално значење за здравото мозочно ткиво. Рибата и другите видови на морска храна се најдобар извор на омега 3 масни киселини.

3. Лоши навики на спиење и стрес

Ако постојано се лишувате себеси од сон, создавате состојба идеална за појава на депресија. Експертите препорачуваат најмалку седум часа сон секоја ноќ. Исто така треба да имате и соодветна рутина за начинот на кој заспивате. Читањето в кревет или уште полошо, употребата на вашиот лаптоп или мобилен в кревет се најчеста причина поради која луѓето остануваат непотребно будни до доцна. А ако не сте доволно одморени, вашето тело се наоѓа под дополнителен стрес при што сте лесно раздразливи, па дури и параноични, така што покрај намалената работоспособност станувате подложни на уште еден проблем – депресијата.

4. Изолација

11486837_m

Осаменоста оди рака под рака со депресијата. Кога ги избегнувате вашите пријатели или членови на семејството создавате ситуација на продлабочување на проблемите, недоразбирања и лоши чувства. Изолацијата е една од најлошите работи коишто можете да си ги направите на себеси, нешто што може да ве доведе до сериозни проблеми. Според стручните лица, луѓето со активен социјален живот полесно се справуваат со секојдневниот стрес и многу поретко страдаат од депресија. Да додадеме дека активноста на социјалните медиуми не секогаш спаѓа во социјален живот.

5. Негативни мисли

Негативното размислувње е еден од главните извори на депресија. Кога се задржувате на лошите случки и мисли секој ден, си правите лошо на себеси. Постојаното мислење на поразите, загубите и другите лоши нешта во животот воопшто нема да допринесе за решавање на проблемите, туку најчесто води кон нивно продлабочување. Извежбајте се себеси кога ќе почнат да ви доаѓаат црни мисли, да ги запрете со нешто што прави да се чувствувате подобро – вежбајте, прошетајте се, зафатете се со некоја работа. Ако дозволите да ве обземат црни мисли, ризикувате да бидете вовлечени во маѓепсан круг кој може да ве лиши од многу убави моменти во животот, да ви украде денови, а во потешките случаи и години од вашиот живот.

Сподели на Facebook
пати видено